Социјала

Бесплатна градинка за децата Роми уште во три општини

Уште во три општини децата од ромска националност од семејства во социјален ризик добиваат можност за поголемо вклучување во предучилишното образование.

 

Во програмата „Инклузија на деца Роми во предучилишното образование“ се вклучуваат и општините Неготино, Струмица и Кавадарци, со што престојот на децата во градинките ќе биде ослободен од партиципација, за децата чии семејства се во социјален ризик.

 

Над 450 деца Роми се веќе ослободени од плаќање партиципација за посетување на градинка, како резултат на заложбите на Владата и Министерството за системско решавање на ова прашање. 

 

Ослободувањето го прават локалните самоуправи врз основа на блок дотaции коишто ќе ги добијат од Министерството за труд и социјална политика.

 

Целта на ослободувањето од партиципација е еднаква вклученост на сите деца во предучилишното образование, бидејќи раниот детски развој е многу важен за понатамошниот развој и едукација на секој поединец , се вели во соопштението од Кабинет на дополнителна заменик министерка за труд и социјална политика

 

  

 

Линк до фото: https://we.tl/t-keQOYKwbDD

 

Со почит,

Кабинет на дополнителна заменик министерка за труд и социјална политика

Германска продавница која продава пиво со неонацистичка симболика

Германскиот весник Die Welt известува дека додека остатокот од Европа ја одбележува 75-годишнината од ослободувањето на нацистичкиот логор за истребување во Аушвиц, клиентите во одредена продавница во Германија можеа да купат марка пиво со етикета и цена што очигледно се однесуваше на неонацистичката сцена.

 

Скандалот со брендот за пиво наречен „Deutsches Reichsbräu“ („Германски пиварница Рајх“) предизвика бес таму и полицијата во моментот води истрага.

 

Од етикетата, која упатува на ултрадесничарска веб-страница, може да се види дека маж по име Томи Френк стои зад пијалокот базиран на хоп. Германските тајни служби посочија дека тој е ултрадесничен радикал.

 

На етикетата, веднаш до името на брендот, има слика на орел сличен на нацистичкиот, но наместо да држи нацистичка свастика, таа држи железен крст, традиционално германско воено обележје. Цената на пијалокот, 18,88 евра, се однесуваше на неонацистичката субкултура.

 

Link: http://www.romea.cz/en/news/world/german-shop-selling-beer-with-neo-nazi-symbolism

Жаклина Ибраимовиќ од Ниш испадан од автобус, полицијата го испитува случајот

Педесетгодишната Жаклина Ибраимовиќ вели дека испаднала од приградскиот автобус бр 35, затоа што во текот на вожњата вратат се отворила сама. Се здобила со хематоми на главата и полесни повреди на раката и ногата.

 

“Влегов и добро се фатив , видов дека има место за седење, и си реков да седнам , автобусот се сврте и повеќе не се сеќавам, дојде медицинска помош, ме миеа со вода, и потоа се освестив„ раскажува Жаклина.

 

Синот Стефан вели дека е загрижен затоа што мајка му е претходно четри пати оперирана од тумор на мозокот.

 

“Луѓето велат дека мајка ми влезе во автобусот , тој влетал во кривина, една од вратите се отворила, и таа во тој момент се наведнала„ објаснува Стефан.

 

Семејството Ибраимовиќ вели дека слични проблеми често се случуваат на линијата од Бубањ Поток до Ниш.

 

“Вратите повеќе пати се отвараат и затвараат оти се неисправни. Значи шоферот ќе застане, па вратата ја затвора и ќе тргне, а вратата сама се отвара„напомена Стефан.

 

Жаклина Ибраимовиќ вели дека е потребно да се провери дали автобусот бил исправен.

 

“И да паднев, јас ќе го сторев тоа внатре, а не да испаднам надвор„

Од „Ниш експрес„ и дирекцијата за јавен сообраќај РТС нема информација за овој случај.

Основбното јавно обвинителство го очекува извештајот од полицијата , по разговорот со повредената и сведоците и вонреден технички преглед на спорниот автобус.

 

Link: http://rominfomedia.rs/zaklina-ibraimovic-iz-nisa-ispala-iz-autobusa-policija-ispituje-slucaj/

Џеј Рамадановски во младоста: Бегаше од дома и правеше лом!

Фолкерот Џеј Рамадановски пред да стане познат пеач, беше проблематично дете и беше во поправен дом.

 

Додека Џеј беше мал, и откако татко му се одлучил да замине за Австрија, неговите родители се разведоа. Тој го повторил одеелението и се вратил во Белград. Тука почнал да бега од дома. Со другарите играл џамлии и деновите ги минувал на улица и џепарел. По извесно време социјалните служби го испратија на „превоспитување„ во дом за малолетници.

 

Тука завршил автолакерски занает. Судбоносниот момент се случил во 1987 година кога Џеј тропнал на вратата на Марина Туцаковиќ и Александар Радовиќ –Фута. Марина му ја напишала песната „Зар ја да ти бришем сузе„

 

Истата година со таа песна настапил на „МЕСАМ„ и освоил трета награда од публиката. Продолжил да снима и стана познат пеач.

 

Сосоедството него го опишува како боем и весел човек и велат дека извесно време работел и во една локална фарбара.

 

- Џеј е вистинско дете на Дорчол, и го познавам од мали нозе. Тоа старо друштво се собираше во локалната кафеана која одамна е затворена. Него го познаваа сите, си секогаш свиреше тарабука. Беше тинејџер секогаш весел и луѓето го сакаа. Никогаш не беше стипса, и ги честеше луѓето секогаш кога имаше пари.

 

Тука посетуваше основно училиште, а едно време беше и во поправен дом , и кога излезе од таму се вработи во фарбарата. Работеше само седум дена и даде отказ, а нам ни велеше: „ Јас ке влезам црн, а излегував од бојата целиот црвен„ ни откри соседот на Џеј, Душан.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 175 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот