Социјала

Најавен протест пред ЈСП против самоволието на нивните контролори

Поповод неодамнешниот инцидент помеѓу контролорите на ЈСП и студентот Сирхан Усеин, како и реакцијата на повеќе ромски активисти, а воедно и незадволството од изречените мерки од страна на ЈСП кон контролорите и демантот дека не станува збор за дискриминација, група на ромски активисти и граѓани се одлучија и најавија протест пред ЈСП во четврток на 13.02. со почеток од 16 часот.

 

Во соопштението и најавата за протест меѓу другото се вели: „ Уште колку студенти, студентки, млади, стари, возрасни и останати се почувствуваа загрозени, понижени и омаловажени поради насилното однесување на контролорите на ЈСП?

Доста е веќе дискриминација, доста е од силеџии, доста е од сексуални навреди и напади, доста живееме ограничено. Институциите секогаш се оградуваат од дискриминацијата и дека тоа кај нив не постои, а сведоштвата на граѓаните сепак не велат така и тие секојдневно живеат во страв.

Доста е! Придружете ни се на овој протест, денес СИРХАН е жртва, утре ќе бидеш ти ако не се бориме денес. Ајде да му покажеме на ЈСП дека за омразата и стравот нема повеќе место во оваа држава.

Преку овој протест:

1. Бараме отпуштање на двајцата контролори кои го нападнаа на Сирхан Усеин
2. Зголемена внатрешна контрола кој ќе го регулира
3. Бараме вработувања на Роми контролори„ – се вели во ова соопштение.

Информација за квалификација занаетите, и без Iзанает, а како да се квалификуваат во Германија

– Во соработка со Европската Унија и Европскиот социјален фонд во Р.Германија, реализиран е проектот од аспект „работа во Германијаза етничките групи„ каде и ние Ромите земаат место во овој проект.

Како што е познато и законската регулатива од 01.03.2020 за работа во Германија е олеснета процедурата. Во самиот проект кој е добро и олеснета бирократска процедура може да ја завршат и бесплатно., каде пред 01.01.2020 се наплаќаше, но сега е БЕСПЛАТНО:

1. Квалификацијата која ја прави валидна вашата Диплома , занает, средното образование или факултетското од аспект на училишта со професии. Подолу на илиустрацијата ставени се адресите од секоја покраина во Германија , каде можете да прашат бесплатно верификување и признавање на вашите квалификации. Најдоброто во овој проект е дека не е потребно да бидете во Германија за да се реализира признавањето на Дипломите и слично. Тоа можете да го сторите он лајн преку е маил. Пошта, факс, и да се заврши сета процедура. Нормално е дека доколку присуствувате лично тоа е уште подбро и поефикасно.
2. IQ- Квалификацие
IQ- квалификације се наменети за оние кои немаат занает и училиште . Во овој процес преку IQ- квалициско тестирање да се види дали кандидатот е талентиран, и може да ја работат таа работа и полесно да се стекне со Сертификат каде полесно ќе може да се вработи во Германија.
Тестирањето на овие кандидати неможат да се прават онлајн туку потребно е да си биде со лично присуство. Адресите се исти доколку сакаат да полагаат и да се кандидираат за IQ- Квалификација.
Проектот важи до 31.12.2022 !!!
 
Информацијата ја подготвил Рухидин Сербезовски

Катастрофа: Група на Роми во Шпанија живеат на депонија

Специјалниот известувач на ОН и задолжен за екстремната сиромаштија и човекови права Филип Алстон ја спомнал Шпанија поради односот кон сиромашните , напоменувајќи дека пост-кризните економски политики на таа држава се дело на компаниии на богатите, но многу негативно се одразија на обичните луѓе.

Алстон петокот во Мадрид рече: „На економско поле Шпанија стои добро„

“Висок БДП високи примања по глава на становник, и огромното вкупно богатство. На опшстествено поле е поинаква приказната: Шпанија е на дното или близу до дното на други показатели„

Алстон истакна дека најпроблематини полиња се домувањето, работата, минималната плата и образованието. Тој изјави дека жените, децата, ромската заедница и мигрантите се најзагрозени.

Тој рече дека се сретнал со ромските групи кои „ живеат на депониите„ и работниците мигранти на југот од земјата „кој живеат веројатно во најлошите услови кој некогаш ги видел„

Шпанската влада сеуште не го коментирала резултатот од извештајот на овој стручњак на ОН.

На првата фотографија во боја на територија на некогашна Југославија се наоѓа ромско дете – виолинист

Првааа позната фотографија во боја на подрачје на некогашна Југославија , ја преставува ромско дете на улица, кој во рацете држи виолина. Името на ромското дете, како и локацијата и понатаму е непозната. Фотографијата носи наслов „Ромче со виолина„ а годината кога е направена е 1907 или 1908.

Снимена е со техника автохром, а во јавноста ја изнесоа браќата Лимиер од својата фабрика во Лион минатата година.

Нејзиниот автор е Ѓорѓе Станојевиќ , српски физичар, астроном, ректор на Универзитетот во Белград, кој е роден во Неготин во 1856 година, а починал во Париз во 1921 година. Станојевиќ во Србија е познат и кој ја осветлил Србија.

Својот живот и работа го посветил во развој на науката. Тој беше пионир на електрификација и индустријализација на Србија, автор на повеќе научни дела од полето на астрофизиката, и автор на гореспоменатата фотографија.

Благодарение на неговиот ангажман, Белград во 1893 година доби термоелектрана , а српската престолнина беше помеѓу првите кои имаа електрични трамваји и осветлување.

Link: https://www.ngportal.rs/djordje-stanojevic-naucnik-koji-je-osvetlio-srbiju/

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 335 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот