Социјала

Државата ќе отпише над 10 милиони евра долгови на граѓаните

Собранието го изгласа законот за отпис на камати и репрограмирање долгови и трошоци на физички лица, со што над 10 милиони евра долгови на граѓаните ќе бидат отпишани, соопшти Министерството за правда.

 

Со законот се бришат каматите на сите предмети што се дадени за извршување заклучно со 31.12.2017 година од страна на јавни и државни претпријатија или државни органи и установи.

 

Со законот се предвидува и репрограмирање на долгот, односно плаќањето на главниот долг да биде на рати. Колку е поголем долгот, толку ќе се зголемува рокот на отплата, односно ќе се исплаќа на повеќе рати.

 

„Во однос на репрограмирањето, со новото законско решение се предлага плаќањето на главниот долг и трошоците во постапките пред судот, нотарот и извршителот да се врши во месечни рати, во зависност од висината на долгот и трошоците.

 

Доверителите што се во државна или јавна сопственост, по сила на овој закон, се должни да направат целосeн отпис на каматите и репрограмирање на главниот долг и трошоците во рок од три месеци од денот на стапување во сила на овој закон“, појаснуваат од Министерството.

 

Доверителите што се во приватна сопственост, отписот на каматите, како и репрограмирањето на главниот долг и трошоците, го вршат на доброволна основа.

Законот, кој вчера беше изгласан, ќе стапи во сила осмиот ден од денот на објавување во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Затворска корупција - Мобилен со интернет за 600, без интернет до 200 евра

Бизнисот со мобилни најисплатлив во Казнено поправните институции во државата.

Мобилни телефони, посета на затворскиот лекар и заболекар, фрижидер се некои од услугите кои затворениците од КПД низ Македонија во некои истражувања од страна на новинарите и интернационални организации се нагласува дека можат да ги добијат во затворот по одредени цени.

 

Ситуацијата со коруцијата во минатото била многу полоша, оценуваат тие. Сега состојбата некако е повеќе ставена под контрола, но сепак во затворот може да се купат одредени работи, од кои некои затвореник не смее да ги поседува

 

Голем бизнис во затворот се мобилните телефони. Затвореник не смее да поседува мобилен, но повеќето имаат. Обичен телефон кој може да послужи исклучиво за телефонски разговор чини најмалку 130 , а цената може да достигне и до 200 евра.

 

Но мора да се каже дека сепак корупцијата не е на нивото на кое тоа се пласира во јавноста, затоа што такви изјави за корупција повечето се изговор од осудени лица кои не се задоволни од некои услови во затворот.

 

Одговорноста за условите во кои работи затворската полиција ја препишуваат на претходното раководство, а се надеваат дека доколку се одобрат новите вработувања ќе можат поефикансно да се посветат на обезбедувањето на осудените лица и спречувањето на корупцијата во затворот.

 

Link: https://kajgana.com/zatvorska-korupcija-mobilen-so-internet-za-600-bez-internet-do-200-evra

Таа чекаше правда веќе 15 години. Судот во Словачка ја надомести незаконски стерилизираната Ромка

Регионалниот суд во Кошице го потврди надоместокот за нелегално стерилизирани жени Роми со сума од над 16.000 евра (околу 400,000 круни). Оштетената жена била стерилизирана без нејзина согласност во 1999 година во болницата Кромпас и 15 години бара правда во судовите.

 

"Позитивно е дека домашните судови на крајот и доделија соодветна компензација на оштетената жена. Сепак, целото судење траеше неверојатни 15 години и судовите во овој период многупати се доведоа во заблуда. Јас сум убедена дека во овој случај не успеаја да обезбедат вистински ефикасен пристап до правдата". Напомена оштетената Ванда Дурбакова.

 

„Во исто време, треба да се потенцира дека судовите можеби не се единствениот и најефикасниот начин за да се обезбеди надомест во случај на сомневање за сериозни системски прекршувања на човековите права на малцинствата, како што е присилна стерилизација на жените Роми“, додаде Дурбакова.

 

Link: http://www.romea.cz/cz/zpravodajstvi/zahranicni/15-let-cekala-na-spravedlnost.soud-na-slovensku-odskodnil-nezakonne-sterilizovanou-romku

Пула: Уапсен маж кој се поврзува со убиство на ромски деца

Пулската полиција во населбата Кавран приведе две лица кои се сомничат дека извршиле повеќе кривични дела , од фалсификување на документи до изнуда на средства.

 

Како што пишуваат медиумите еден од нив е и Нијаз Чаушевиќ – Медо (66), кој го поврзуваат со убиство на ромски деца во Босна и Херцеговина за време на војната, додека вториот приведен наводно е негов син

 

Според медиумите Нијаз Чаушевиќ Медо признал дека земал учество во убиствата на ромските деца поради трговија со органи, но подоцна сето тоа го негирал. Инаку масакрот се случил во 1992 година во селото Сјековица кај Босански Брод, каде телата се пронајдени и ексхумирани во 2004 година.

 

Адвокатот Душко Томиќ тврди дека Чаушевиќ своевремено му признал дека припадниците на хрватските вооружени сили (HOS) ги убија ромските деца , кој со автобус патуваа од БиХ кон Западна Европа . На децата наводно им биле извадени органите кои подоцна се продаваат на црниот пазар за човечки органи.

 

Чаушевиќ за хрватските медиуми рече дека никогаш порано не слушнал за такво злосторство, ниту го сторил, но според лично признание , во БиХ не може да влезе затоа што тука е прогласен за воен злосторник.

 

Link: http://www.portal-udar.net/hrvatska-uhapsen-muskarac-koji-se-povezivao-s-ubistvima-romske-djece/

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 169 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот