e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. tel: +389 (0) 2 2656-901
Д Е М А Н Т
Почитувани,
Мрежата за системски и трајни решенија, организациите кои се дел од нејзе, (ХДЗР Месечина, Гостивар, ИнСоК – Скопје, Здружени за заштита на правата на Ромите – ЗЗПР, Штип, Ромски бизнис информативен центар – РБИЦ Скопје, РОЖМ – Даја, Куманово, Ромско Јато – Битола, КХАМ - Делчево, Амбрела – Скопје)
Во целост го осудуваме настанот, за брутално, физичко малтретирање, на Г-дин, Игор Вцков во Струмица, и секој бруталенен и незаконско однесување кон било кого и во било кое место на територијата на Република Северна Македонија.
Ги повикуваме институциите, заради правда и мир, заради намалување на дезинформациите, заради намалување на штети кон заедницата на Роми, да го решат и да го обелоденат случајот со физичкото малтретирање на Г-дин, Игор Вцков
Мрежата за системски и трајни решенија и организациите погоре наведени, се оградуваат од изјавите, навредите, неоснованите обвинувања и говорот на Г-дин, Геге Демировски, објавувани на социјалните мрежи на 19.03.2021 год,
Слободата на изразување е Уставно право на секој граѓанин во Република Северна Македонија, но согласно наши искуства во работата, изразуваме сомневање дека, од порано Г-дин, Игор Вцков се декларирал како припадник на Ромската заедница, но Мрежата за системски и трајни решенија, повторно потенцира дека ја осудува бруталноста.
Во комуникација со наши соработници во Струмица, ние изразуваме сомневање во вистинитоста на изјавата на Г-дин, Игор Вцков, дека полицијата и обезбедување на високи политички функционери се насочени со омраза и малтретирање на заедницата на Роми.
Ние во целост ја разбираме, тешката економска состојба на Г-дин, Игор Вцков, но не го разбираме неговото секојдневно барање на излез во апаратите на игрите на среќа.
Го повикуваме Г-дин, Геге Демировски, во иднина да говори во лично име, и во име на оние кои го овластиле да говори, но никако во име на сите припадници на заеницата на Роми, од причина што, ваквиот негов настап, нанесува навреда и штета на заедницата на Роми.
Од друга страна, го повикуваме Г-дин, Геге Демировски, токму заради доброто на заедницата на Роми на кој и самиот се повикува, да не ја злоупотребува заедницата на Роми, за свои лични и политички интереси и пазарање.
Доколку намерите на Г-дин, Геге Демировски, се искрени и насочени кон подобрување на животот, слободата и владеење на правото да се врати во Република Северна Македонија и да работи со останатите политички и граѓански НВО организации да работи за оние на кој тој се повикува од надвор.
Мрежата за системски и трајни решенија, продолжува да работи во насока на владеење на правото, еднаквоста пред Законот и учество во напорите за подобар живот на заедницата на Роми во Република Северна Македонија, а свесни дека овој пат никогаш не бил лесен, ниту едноставен.
Со почит,
23.03.2021 год, Во име на организациите
С К О П Ј Е на Мрежата за системски и трајни решенија