Социјала

Мажи, жени, млади и стари зависни од обложување. Полни се обложувалниците и казината

Иако со години има недостиг на пари и тешка финансиска криза, како што покажуваат резултатите од различни истражувања, сведоци сме дека обложувалниците и казината се полни речиси секој ден, а она што особено загрижува е не толку малиот број на малолетници кои многу често ги посетуваат коцкарниците и покрај тоа што им е строго забранет влез во нив. Алармантно звучи податокот дека дури 44 отсто од возрасната машка популација на Балканот практикува некаков вид на коцкање, а она што е исто така забележливо е дека се поголем број жени и девојки си ја пробуваат среќата во обложувалниците и казина. Објектите за оваа намена се полни речиси секој ден, особено за време на викендите, а со оглед на тоа дека има голема финансиска криза, се поставува прашањето - како е тоа можно? Многу социолози и психолози сметаат дека ова е токму еден од „појавите“ на денешното општество. Во разговор со луѓе кои посетуваат обложувалници, многу често се случува просечната посета на една од нив да чини 2 до 3 евра (на пр. тикет игран со не толку голем влог и некои пијачки со него), а некои од тие, се разбира, чинат многу повеќе. Месечните издвојувања од 50 до 60 евра за игри на среќа (некои, се разбира, издвојуваат многу повеќе) во време на голема финансиска криза, кога храната, горивото, струјата и другите комуналии никогаш не се поскапи, навистина претставуваат парадокс на денешното општество. , според експертите. Тоа укажува и на една работа - има се повеќе луѓе со сериозен проблем на зависност од коцкање во време кога економската несигурност е многу присутна.

Ќе се зголеми социјалната помош за 10 отсто?

Министерот за социјална политика, Лимани најави зголемен надомест за социјална заштита односно зголемување на гарантирана минимална помош за 10%.

Лимани на вчерашниот владин настан најави раст и на посебниот додаток за 30%, на паричната помош за квадриплегија за 50% , за потполно глуви лица за 20%, на правото на надоместок на плата за скратено работно време за родители поради нега на дете или лице со телесна и ментална попреченост и најтешки хронични заболувања за 30% и ново право на парична помош на лицата без горни екстремитети.

30 Ромски семејства од Кичево или околу 150 граѓани од ранлиива категорија добија социјални станови

30 ромски семејства или околу 150 лица кои престојуваа во населбата „Прилепска“ во Кичево добија социјални станови кои се изградија во населбата Ивани дол во Кичево. Становите се дизајнирани да бидат со површина од 45м2. Ромите кои претходно живееја во крајно нехумани услови покрај градската река велат дека се благодарни за новите домови.

Проектот е финансиран од ЕУ, а го реализираше Центарот за граѓанска иницијатива од Прилеп, со поддршка од општината Кичево и Министерството за труд и социјална политика.

Според Министерството за труд и социјална политика оваа пилот програма може да се реплицира и во  други општини.

Во Кичево  се одржа и завршна конференција на која беше презентиран проектот пред НВО и бизнис секторот и релевантни државни институции

Link:

На 21 годишниот Мухамед Максуд – Муки од Охрид му е потребна ИТНА помош!

Пред 2 години на Муки му беше дијагностицирана многу ретка болест на бубрезите - Focal Segmental Glomerulosclerosis (FSGS). 

Поради болеста двата бубрези му откажуваат, па потребно е да се направи трансплантација, а негов единствен донор е неговата самохрана мајка. За припремата и трансплантацијата во болницата Istanbul Florence Nightingale Hospital, Истанбул, Р. Турција потребни се 21.000€. Трошоците за лекувањето треба да бидат платени до 30.09.2024

Донирајте и помогнете му на Муки побрзо да се врати во факултетските предавални.

Трансакциска сметка за донација:

250019000552171

Шпаркасе банка

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 546 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата