Sport

Тајсон Фјури откри што би требало да прифати Усик за да се договори меч за апсолутен шампион

Љубителите на боксот сè уште не губат надеж за борбата меѓу Тајсон Фјури и Александар Усик, што би го дала апсолутниот шампион во тешка категорија.

Промоторот на Фјури, Боб Арум, пред неколку дена изјави дека нивниот меч би можел да биде договорен за декември или почетокот на следната година.

Кралот на Ромите во последно време постојано повторува дека заработката му е на прво место, а тоа го повтори и во интервју за ТВ Фајт хаб во пресрет на средбата против Френсис Нгану на 28 октомври во Саудиска Арабија.

Британецот рече дека би можел да размисли да се бори со Усик доколку неговиот потенцијален противник прифати помал хонорар.

„Дали некогаш ми беше приоритет? Кога изјавив дека сакам да бидам апсолутен шампион? Другите отсекогаш сонувале за тоа“, рече Тајсон Фјури и продолжи:

„Имам работа со Френсис Нгану. Ако тој мал колбас сака да се бори за титулите и е подготвен да земе мал процент од заработката, можеби можеме да одработиме меч. Ако бара повеќе пари, тогаш ништо од тоа. Усик и неговиот тим се повлекоа. Им понудивме борба на Вембли, а ние продолживме понатаму. Сега ја чекам борбата против Нгану, кој е се подобар“.

 

Олга Кармона Гарсија – Ромка, шпанска репрезентативка која со својот гол ја однесе Шпанија во финалето на СП за жени

Олга Кармона погоди при крај на мечот, за да ја издигне Шпанија до возбудлива победа од 2-1 над Шведска во вторникот и да ги испрати Иберијците во првото финале на Светското првенство за жени на ФИФА.

Ударот на Кармона во 90-та минута од далечина удри во гредата и влезе во голот две минути откако Ребека Бломквист го израмни натпреварот за Шведска пред 43.217 гледачи на Еден Парк на стадионот во Австралија.

Олга Кармона Гарсија родена на 12 јуни 2000 година во Севиља, Андалузија, е шпанска и има ромски корени, и е професионален фудбалер кој игра како лев бек за клубот од Лига Ф, Реал Мадрид ЦФ и за репрезентацијата на Шпанија.

Олга Кармона го освои Европското првенство во 2018 година со репрезентацијата до 19 години победувајќи ја Германија со 1-0 во финалето. Таа самата придонесе со четири гола во десет натпревари во квалификациите и во финалето за освојување на титулата. Една година подоцна таа повторно беше со У-19 во финалето на Европското првенство, каде нејзината репрезентација загуби со 1:3 по продолженијата во полуфиналето од Франција.

На 13 април 2021 година, Олга Кармона го направи своето деби за сениорскиот тим во пријателски натпревар против Мексико.

Сејдо Дураков, Ром по потекло од Македонија е новиот бисер на Баерн Минхен

Сејдо Дураков е надежен фудбалер и е на место кое секој млад фудбалер би сакал да биде. Во големиот Баерн Минхен.

Тој во моментов е член на У17 екипа на „Баварците“. Момче родено 2007 година во Аусбург, кој што игра на позицијата офанзивен играч за врска или популарно наречената „десетка“. Неговите родители се со потекл од Македонија, и сега преставува надежен и голем талент со кој се верува дека во иднина ќе бидат горди Ромите на него, затоа што неговите родители се Роми од  Македонија

Само како појаснување за каков играч се работи, во првото коло од младинската Бундес лига, за својот Баерн Минхен, Дураков на дуелот против Јан Регензбург во победата од 5:0 постигна хет трик, и асистираше за еден погодок.

Дураков веќе има настапи за репрезентацијата на Германија, за која при истите ја има носено и капитенската лента. Навистина голема привилегија, но и одговорност во исто време.
Истата секако дека дава потврда за она што се вели сериозен квалитет и потенцијал кој што несомнено Дураков го поседува.

Youtube:

Џони Франкхам британски боксер со ромскоо потекло е еден од ретките боксери во свет кој успеал Мухамед Али да го испрати на под

Ретко кој го знае овој  детал Британскиот боксер со Ромско потекло Џони Франкхам роден на 6 јуни 1948 година во Ридинг, во егзебиционен бокс меч во тешка категорија на 19 октомври 1971 година му спарнингуваше на тогашниот крал во тешка категорија Мухамед Али (Касиус Клеј).

Во тој егзебиционен спарнинг меч во еден момент Џони на прославениот Мухамед Али го испрати на под.

Со тоа боксерот со ромски корени Франкхам беше еден од ретките боксери кој успеал да го испрати на под прославениот Мухамед Али.

Во подооцежниот период британскиот боксер не забележал некои особени постигнувања во професионалниот бокс, но затоа пак Мухамед Али остави длабок впечаток во професионалниот бокс и е еден од најдобрите во историјата на боксот.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 101 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот