ИРУ

Претседателот на ИРУ Зоран Димов, во работна посета на Финска од 20 до 24 ноември

По покана од Финскиот ИРУ тим Марја Еронен, Хенри Хедман, Кимо Гранквист, Тула Акерлунд и Анет Акерлунд, претседателот на ИРУ Зоран Димов  ќе има повеледневна работна средба со преставници од државните институции во Финска и че се  разговара за состојбата и предизвиците со кои се соочува Ромската заедница  во оваа скандинавска земја.

За време на престојот на Димов од 20 до 24 ноември, ќе биде присутен на овеќе средби како и организирани конференции од  областа на социјалата и социјалната правда, образованието и  културата,, како и средба со Ромски организации и здруженија, како и со преставници од црковните одбори.

Меѓудругото тој ќе има и свој говор и дискусија за време на одржување на еден многу важен семинар на тема „За намалување на дискриминацијата врз Ромите„ кој ќе се одржи во Универзитетот во Хелсинки,

Мора да се напомене дека за време на престојот исто така ќе биде прикажан премиерно за финската публика и документарецот на СП БТР „Небо, Тркало, Земја, и тоа на 20 и 21 Ноември.

Во склоп на културните активности исто така на последниот ден од настаните планиран е и концерт на Духовна Ромска музика со учество на голем број изведувачи и хорови.

 

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу ИРУ и Networker Club LLC, во поле на реализација на активностите на Ромскиот инвестициски фонд – Асцелератор (РИФ-А)

Денеска во просториите на Нетворкер клуб во Скопје беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу ИРУ и Networker Club LLC. Од страна  на ИРУ беше нејзиниот претседател Зоран Димов,  додека од страна на Networker Club LLC, – Друштво за трговија и услуги  беше потпишан од страна на Извршниот директор Сања Митровска. Овој Меморандум е од големо значење и за двете страни ако се знае дека ќе се работи на полето во кои се опфатени полињата на активности на РИФ-А,а дел од нив се - Развој на ромска мрежа бизнис (бизнис инкубатори), Развој и имплементација на практики кои би резултирале со стартап бизниси (микро и макро бизниси), Поврзување на апликантите со професионални консултанти. (подготовка на деловен план) и др. А тоа ќе подразбира и Поттикнување на претприемништвото на малцинствата со поместување на почетната сцена, Финансиска поддршка за развој на иновативни старт-ап бизниси, Економски напредок и сл.  Инаку самата Визија на РИФ – A е зголемена вработеност, намалена сиромаштија и воспоставена социјална кохезија. Мисијата на РИФ – A е да го поддржи развојот на малите и средни претпријатија, новоформираните претпријатија и социјалното претприемништво во ромската заедница. Долгорочни цели се: подобрен пристап до финансиски услуги, промоција на претприемништвото, поттикнување на иновациите и развој на партнерства. Овој пристап бара еднакви услови за игра преку обезбедување еднакви шанси за реализација на сите идеи и иницијативи.

Претседателот на ИРУ Зоран Димов на денот на ромскиот јазик пред Владата на Р.Северна Македонија ја иницираше заложбата за отварање научен Институт за ромски јазик, култура и историја

Денеска во Владата на Р.Северна Македониоја попповод 5 Ноември Меѓународен ден на Ромскиот јазик, во присуство на највисоките преставници на др|авата на која присуствуваа Премиерот Христијан Мицковски, Министерот без ресор Шабан Салиу и други министри, присутен беше и свое обраќање имаше и претседателот на ИРУ Зоран Димов.

Меѓудругото тој во своето обраќање ја напомена важноста и значењето на ромскиот јазик, како и на богатата култура и историја на ромскиот народ. Во последните неколку децении, се прават сериозни напори за заштита и унапредување на ромскиот јазик и култура. Сепак, се соочуваме со многу предизвици, бидејќи овој јазик е и понатаму под закана од губење поради асимилацијата и недостатокот на системска поддршка. Денес го одбележуваме денот на ромскиот јазик, но истовремено да се потсетиме и на потребата од заедничка работа за поголема инклузија и поддршка на ромската заедница.  Интернационалната ромска унија и јас како нејзин претседател, од пред еден месец, инициравме да се започне со изучување на ромскиот јазик како курс во рамките на филолошкиот факултет Блаже Конески при УКИМ, и ете, веќе 18 млади Роми и не-Роми ја посетуваат наставата која ќе трае три месеца.

ИРУ и м-р Даниел Петровски, иницираат да се отвори научен Институт за ромски јазик, култура и историја, кој во првите пет години ќе се бави со научна дејност а потоа и високообразовна дејност кој ќе продуцира професионален ромски научен и професорски кадар од општествените хуманистички науки. Институтот ќе го афирмира ромскиот јазик, ќе печати литература на ромски јазик и ќе врши професионален превод и толкување на самиот јазик. Оваа иницијатива, ќе започне да се спроведува најнапред со креирање на визибилити студија, од која понатаму треба да произлезе елаборат, кој ќе биде даден на одлучување кај владините институции на одобрување. Предлагаме Институтот да се именува по прввиот доктор на науки, Ром, професор д-р Трајко Петровски и истиот да биде национална инситуција во рамките на Министерството за образование и наука или пак, во рамките на Универзитет Св. Кирил и Методиј, од кого имаме и поддршка и воедно потпишан Меморандум за соработка. Токму планирано е во таа насокка да произлезат и квалификуван Роммски кадар како и предавачи на ромскиот јазик, култура и историја.

Затоа и Бараме поддршка од сите владини и невладини институции за нашата иницијатива.  Се надеваме дека и Владата ќе даде свој придонес, како и Министерот за имплементација на Ромската стратегија г-дин Шабан Салиу.

Почина Торе-Јарл Биленберг долгогодишшшен член и почесен претседател на ИРУ

Денес на 24 октомври во Осло, Норвешка, по кратко  боледување почина долгогодиниот член на ИРУ и нејзин почесен претседател Торе-Јарл Биленберг.Торе е роден на 30 јануари 1935 година во Осло и беше норвешки новинар, културен работник, мировен активист, преведувач и автор.

Долги години работее на ромскатта  култура. Тој е единствениот нером кој бил член на Нордискиот ромски совет . Тој исто така живеел во Москва и имал близок контакт со Театарот Ромен. Торе учествувал и на Првиот Конгрес на ИРУ во Лондон во 1971 година.

Долги години беше новинар во Фрихетен, има преведено голем број книги и дебитираше во белетристика и нефикција во 2012 година..Со смртта на  Торе-Јарл Биленберг, ИРУ и воопто целата ромска заедница изгуби голем пријатл на Ромите.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 339 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот