Драгана Јовановиќ на последното европско првенство се закити со бронзен медал.
Таа е од Сомбор, но моментално таа е член на БК Обилиќ.
Инаку таа во јуниорска конкуренција на ЕП во 2023 година се закити со сребрен медал во категоријата до 52 кг. Веќе во 2024 година беше повикана во сенирската репрезентација на Србија и на своето прво учество ја освои бронзата.
Како што вели боксот е нејзина голема љубов и е горда на своите настапи во дресот на Србија. Во неа стручњаците гледаат огромен потенцијал и талент.
Таа вели дека секогаш е подготвена за меѓународни настапи.
Сега е во очекување на повик од репрезентацијата на Србија за ЛОИ 2024 година во Париз кои ќе се одржат од 26 јули до 11 август.
„Тоа е сега мојот сон. Настап на Олимпијадата, како и освојување на некој од медалите на таа олимпијада„ вели Драгана Јовановиќ