На 13 Декември - 32 години од ТВ БТР Национал
На 13 Декември 1992 година за прв пат во медиумскиот етер во Р.Македонија беше емитуван сигналот на БТР –Национал. Најпрво како радио, за потоа да биде и телевизиски со своја 24 часовна програма.
Всушност тоа беше и прв ромски медиум во светот со своја целодневна програма. Години потоа овој медиум прерасна во препознатлива ТВ куќа со своја сопствена програма од секој калибар – информативен културен, забавен, музички и образовен.
Во тој период ТВ БТР- Национал се ештаблираше меѓу водечките медиуми во државата, и по својата гледаност, која и покрај тоа дека беше ромска, беше со гледаност од сите националности.
Една деценија подоцна ТВ БТР –Национал отиде едно ниво погоре и беше првиот Ромски медиум на сателит со своја сопствена програма
За сите овие години ТВ БТР-Национал беше автор на многу програмски пакети и илјадници часови на ТВ, документарни и филмски програми од сите профили.
И ден денес ТВ БТР остави неизбришливи траги кај публиката кој и ден денешен со носталгија се сеќаваат на тој период.
Инаку во новиот период ТВ БТР – Преку својата Супер продукција БТР – СП БТР продолжи со продукциски активности и снимање на документарни филмови. Во последните години актуелен беше со своите нови документарни производи преточени на филмска лента тоа се „Локални Херои – Светски таленти„ „Живот на крстопат„ како и за историјата, потеклото, јазикот и културата на Ромите „Небо, Точак Земја„
Најзаслужен за тој постигнат успех преку 500 – те вработени кој продефилираа низ таа телевизија е нејзиниот основател и сопственик Зоран Димов, кој по чиста коинциденција исто така и 13 декември е негов роденден. Нека се среќни и двата родендени!