Пророштвата на легендарните Нострадамус и Баба Ванѓа се преклопуваат во 2025 година – обајцата најавиле страшен настан што ќе го преврти целиот свет.
Слепата бугарска јасновидка Баба Ванѓа, која благодарение на нејзините пророштва ја заслужи репутацијата на „локален Нострадамус“, дала застрашувачки предвидувања за тоа што нè очекува во 2025 година, истовремено предупредувајќи дека овие настани можат да предизвикаат глобална апокалипса.
Меѓу другото, таа кажала дека континентална Европа ќе биде сцена на сериозни неволји и ќе ги погоди сите. Ванѓа вели дека во одреден момент во 2025 година ќе избие нова војна меѓу двете земји, а последиците ќе одекнат низ целиот свет – и попат ќе ја „уништат“ Европа и луѓето што живеат таму. Можеби не верувате во такви работи, но не е лесно да останете рамнодушни кога знаете дека вистинскиот Нострадамус, со векови претходно, го предвидел приближно истото за 2025 година.
Тој предупредил дека „оние од европските земји“ ќе бидат вовлечени во „брутални војни“ во одреден момент следната година, додавајќи дека ќе биде вклучена и Велика Британија, пишува „Лед Бајбл“. Сепак, тоа не е најлошото – Нострадамус напоменал и дека „древната чума ќе биде полоша од непријателот“.Другите предвидувања на Баба Ванга за следната година вклучуваат почеток на крајот на светот и телепатија, додека некои стихови на Нострадамус се толкуваат како најава за решавање на руско-украинскиот конфликт и вулканската активност во Бразил.
Link: https://www.vecer.press/i-nostradamus-i-baba-vangja-ja-predvidele/