Колумна на Зоран Димов: Доста е поделби, ајде заедно!
Дали поделбите и препишување на некои заслуги на поединец или група носат напредок? Дали препукувањата, сопките, и „работа зад грб„ носат просперитет?
Дали недовербта, сплеткарството, интриги и сл. ќе и донесе на нашата заедница добробит и прогрес? Сите знаеме дека одговорт е „Не„. И сега се поставува прашањето, кога сите го знаеме одговорот, во што е суштината да продолжиме на тој начин? Како да го скинеме тој ланец?
Многу едноставно! Ако ние од Ромскатс заедница се декларираме дека се бориме за доброто на Ромите, ајде да ги оставиме, суетите, егото, и внатрешниот антагоизам на страна и да направиме минимално сплотување. Без разлика кој ќе биде понапред или поназад во колоната, битно да ни е целта иста - единството!. Знаеме дека помина ерата на „раздели, па владеј“! Резултатот од такво владеење и однесување е повеќе од видливо.
Би сакал јас како долгогодишен ромски активист, воедно и сега како координатор на Мрежата за системски и трајни решенија составена од голем дел од ромскиот НВО сектор да појасниме неколку моменти. Деновиве во медиумите беше презентирана состојбата со луѓето без лична документација во државата. Се изнаслушавме разни гледишта и ставови од типот „кој е најзаслужен„ што овие лица се стекнаа со некои документи за идентификација. Сите заслугите си ги препишуваат себеси, а не на вистинските луѓе кои „шпартаа„ на терен за нивна идентфикација и понатамошно активности се со цел да го сотварат правото од кое беа лишени години наназад. За волја на вистината најголемиот товар од оваа активност ги имаше токму организациите кои се дел од „Мрежата за трајни и системски решенија...„ но таа Мрежа си ја вршеше работата скромно и ревносно без ,многу публицитет и експонирање. „ Тоа најдобро го знаат луѓето кои беа запишани и регистрирани и сега г имаат тие документи. Ама нејсе.... Мрежата ќе продолжи и понатаму да дејствува и да работи без поголема помпа и рекламирање.
Но треба да се знае дека заслугите за било која активност треба да ги споделуваме заеднички без преформулирања и сл. Воедно исто би сакал да потенцирам дека време е да се видиме во очи и отворено да кажеме кој колку моѓе да придонесе за општо добро.
Да се седне на една заедничка консултација , и да си поставиме сите една зедничка цел дека секоја поделба, препукување, сопки и „работа зад грб„ не носат ништо добро.
Проблемите во општеството се огромни а ние се занимаваме со минорни работи. Потребно е меѓусебно разбирање и почит зошто само на тој начин мое да ни проработи свеста.
Наближуваат и избори (локални) моѓе да се случат и парламентарним истовремено не чека и попис и други активност. Секој раскол е погубен за сите нас. Ајде малку да ги размрдаме нашите мозочни виуги за потоа да не биде доцна. И сега доцниме многу, но за се има рефреш. Доста е поделби, ајде заедно!