Шутка NEWS

Граѓаните од Ш.Оризари незадоволни од градскиот превоз: Џабе плаќаме месечни билети кога нема редовни автобуси, срамота за ЈСП и приватните автобуси!

За жителите на Шуто Оризари, веќе неколку дена нема автобуси. Со центарот на градот не се директно поврзани, а единствен спас им се приградските линии или дивите таксисти коишто ги носат до некаде, за потоа да фатат друг автобус.

Автобуските постојки се празни, а онаму каде што затекнавме граѓани или фаќаат сенка или ќе чекаат автобус со часови.

За да стигнат до центарот на градот, на жителите на Шуто Оризари им е потребна цела логистика или добра кондиција за пешачење.

Автобусите со број 19 и 20 ги нема, приградските се нередовни и возниот ред на ЈСП е хаос сам по себе, критикуваат жителите на населбата.

Проблемот е огромен, и тоа поради неплатени долгови од страна на Град Скопје, спрема приватните превозници. За џабе вадиме месечни карти кога мора да одиме пеш или да плаќаме за такси, срамота!

Ова се само дел од реакциите на граѓаните од Ш.Оризари по социјалните мрежи Граѓаните прашуваат, негодуваат, реагираат, но никој не ги есапи. Единствените соопштенија што стигнуваат од ЈСП се поврзани со известување дека на празник ќе возат по неделен возен ред, додека за сите други проблеми на граѓаните остануваат неми. Сѐ ним им се мали платите, немаат шофери, немаат нафта, ама нам на работа кога доцниме. Срам голем за ЈСП и приватните автобус на чело со градот Скопје – коментираат граѓаните.

Сезона на крлежи - Што мора да знаете ако мислите дека ве каснал заразен крлеж?!

Ризикот од каснување од крлеж и развој на Лајмска болест зависи од многу фактори како што се: географска локација, сезона, тип на крлеж и колку долго крлежот бил прикачен на кожата.

Бидејќи крлежот што пренесува Лајмска болест обично се храни повеќе од 36 часа пред да ја пренесе спирохетата, ризикот од заразување со Лајмска болест од забележано каснување од крлеж, на пример, е само 1 до 3 проценти, дури и во областите каде што болеста е присутна. Сепак, ризикот е значително поголем ако крлежот се хранел 72 часа.

Правилниот начин да се отстрани крлежот е да се фати крлежот што е можно поблиску до кожата. Потоа нежно повлечете го назад, внимавајќи да не го оштетите крлежот. Доколку некои делови од крлежот останат во кожата, тие сами ќе се отстранат.

Ако некое лице е каснато од тип на крлеж кој е носител на Лајмска болест, се препорачува еден од двата пристапи:

- Превенција и лекување доколку се појават знаци или симптоми на инфекција

- Третирајте веднаш со превентивен антибиотик.

Ако лицето кое се плаши да се зарази со Лајмска болест се консултира со лекар, лекарот проценува дали е неопходен превентивен антибиотски третман

 

Речиси 3.500 жени од Шуто Oризари немаат избрано матичен гинеколог

Македонската асоцијација на гинеколози и акушери (МАГО) по повод Неделата на женското здравје 2024 година организира симпозиум на кој ќе бидат презентирани податоците за ХПВ вакцината, вакцинацијата во бременост, улогата на обезитетот во бременоста и Стандардната оперативна процедура на Центрите за жртви од сексуално насилство.

Согласно податоците од Министерство за здравство и Фондот за здравствено осигурување, во Шуто Оризари има 2.500 жени кои се здравствено осигурани, но немаат одбрано матичен гинеколог, и околу 1.000 жени кои не се осигурани и немаат матичен гинеколог. Согласно законските регулативи во Р. С. Македонија, секој поединец без разлика на работниот статус може здравствено да се осигура и со тоа да се стекне со правото на бесплатни здравствени услуги.

Настан поповод Неделата на женското здравје 2024 - Меѓународниот симпозиум насловен „Здравјето во фокусот на жената“

На 17 мај 2024 година во Хотелот Double Tree Hilton, Скопје, ќе се одржи настан на Македонската асоцијација на гинеколози и акушери (МАГО) по повод Неделата на женското здравје 2024 година.

На самиот настан ќе се обратат: Проф. Др. Горан Димитров, претседател на Македонско Лекарско Друштво, Проф. Др. Глигор Тофоски, претседател на Македонска асоцијација на гинеколози и опстетричари, Др. Ламбе Крстески, матичен гинеколог во Шуто Оризари и Марија Башеска Стојановска, новинарка-толкувач на знаковен јазик во МРТВ, - претставничка од заедницата на лицата со попреченост

Согласно податоците од Министерство за Здравство и Фондот за Здравствено Осигурување, во Шуто Оризари има 2500 жени кои се здравствено осигурани, но немаат одбрано матичен гинеколог, и околу 1000 жени кои не се осигирани и немаат матичен гинеколог. Согласно законските регулативи во Р. С. Македонија, секој поединец без разлика на работниот статус може здравствено да се осигура и со тоа да се стекне со правото на бесплатни здравствени услуги.

Целта на оваа прес-конференција е да се нагласи важноста од редовните превентивни прегледи и рано откривање на здравствените проблеми како и информирање на сите жени во Македонија дека изборот на матичен гинеколог е од клучна важност за редовните превентивни прегледи.

Марија Башеска Стојановска и д-р Ламбе Крстевски, ќе дадат увид од прва рака за предизвиците со кои се соочуваат ранливите групи во пристапот до услугите за сексуално и репродуктивно здравје.

Централниот фокус на Неделата на женското здравје 2024, е меѓународниот симпозиум насловен „Здравјето во фокусот на жената“, специјално дизајниран за специјалисти и специјализанти по гинекологија и акушерство. Овој симпозиум, со интернационален карактер ќеј се одржува во период од 17 до 19 мај 2024 година, а ќе собере голем број на експерти за да се осврнат на актуелните прашања за здравјето на жените. Свеченото отворање ќе биде на 17 мај од 18:00 часот. Во текот на целиот симпозиум, учесниците ќе се вклучат во дискусии и презентации кои покриваат широк спектар на теми, вклучувајќи:

- ХПВ вакцина

- Вакцинација во бременост

- Улогата на обезитетот во бременоста

- Презентација на Стандардната оперативна процедура на Центрите за жртви од сексуално насилство

Симпозиумот има за цел не само да ги унапреди знаењата и вештините на здравствените работници, туку и да ја подигне свеста кај општата популација за клучните аспекти на здравјето на жените.

 

 

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 123 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата