Граѓаните од Ш.Оризари незадоволни од градскиот превоз: Џабе плаќаме месечни билети кога нема редовни автобуси, срамота за ЈСП и приватните автобуси!

За жителите на Шуто Оризари, веќе неколку дена нема автобуси. Со центарот на градот не се директно поврзани, а единствен спас им се приградските линии или дивите таксисти коишто ги носат до некаде, за потоа да фатат друг автобус.

Автобуските постојки се празни, а онаму каде што затекнавме граѓани или фаќаат сенка или ќе чекаат автобус со часови.

За да стигнат до центарот на градот, на жителите на Шуто Оризари им е потребна цела логистика или добра кондиција за пешачење.

Автобусите со број 19 и 20 ги нема, приградските се нередовни и возниот ред на ЈСП е хаос сам по себе, критикуваат жителите на населбата.

Проблемот е огромен, и тоа поради неплатени долгови од страна на Град Скопје, спрема приватните превозници. За џабе вадиме месечни карти кога мора да одиме пеш или да плаќаме за такси, срамота!

Ова се само дел од реакциите на граѓаните од Ш.Оризари по социјалните мрежи Граѓаните прашуваат, негодуваат, реагираат, но никој не ги есапи. Единствените соопштенија што стигнуваат од ЈСП се поврзани со известување дека на празник ќе возат по неделен возен ред, додека за сите други проблеми на граѓаните остануваат неми. Сѐ ним им се мали платите, немаат шофери, немаат нафта, ама нам на работа кога доцниме. Срам голем за ЈСП и приватните автобус на чело со градот Скопје – коментираат граѓаните.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 119 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот