Маркетингшки трик или..? Влегол да купува во Jumbo и одбива да ја напушти продавницата

Еден купувач во Jumbo деновиве ги остава во неверување останатите купувачи во продавницата. Млад човек пред неколку дена влегол во Jumbo со намера да пазарува, но оттогаш не излегол и одбива да ја напушти продавницата. На големо изненадување на вработените и на другите купувачи, тој во продавницата ги извршува секојдневните активности, се релаксира и максимално ужива во амбиентот.

Нашата екипа отиде во Jumbo за лично да се увериме во точноста на информацијата. Внатре го затекнавме купувачот што не сака да си оди, кој изгледаше многу среќен што е таму и уживаше во опкружувањето. Не сакаше да го прекинуваме во уживањето и ги игнорираше нашите барања за изјава додека полека ѝ се препушташе на пладневната дремка.

Ги контактиравме вработените во Jumbo за да ни ја објаснат ситуацијата и што планираат да преземат за да го натераат купувачот да си оди.

- Овој купувач дојде во Jumbo пред речиси една недела и побара од нас да му покажеме производи за лето. Но, се задржа разгледувајќи ги еден по еден и беше неверојатно среќен заради големиот избор производи. Кога дојде време за затворање, љубезно го известивме дека продавницата ќе се затвори и мора да си замине, но тој го игнорираше нашето барање. Моравме да ја затвориме продавницата, а тој остана внатре. Следниот ден повторно беше тука, исто и денот по него и така веќе неколку денови. Тој упорно одбива да си замине, но нам нѐ ни пречи бидејќи сакаме сите наши купувачи да се чувствуваат како дома – ни изјавија вработените во Jumbo.

Нашата екипа и во следниот период ќе продолжи да ја следи ситуацијата со купувачот што не сака да си оди од Jumbo.

Link: https://www.crnobelo.com/novosti/promo/109418-vlegol-da-kupuva-vo-jumbo-i-odbiva-da-ja-napushti-prodavnicata-foto?fbclid=IwZXh0bgNhZW0CMTEAAR3SfoVdvfMZu8KpuWnDmBkMPd8a52B_fzKJktL-fDb5Dj8tmwcscfCle5w_aem_ARUiw89_SIAdRA0eCxfAV4J-XfBB8NqL68f1Fw-s9c1_SuwbbOHWckfese9JlFq4tIs7cszsd5W7Fo-wpLA9RL4Z

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 79 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот