Шутка NEWS

Овој викенд на полноќ помеѓу сабота и недела – 13 октомври на ТВ Телма, шпанскиот филм за двајцата браќа Роми - „Помеѓу две води„

Исра и Чеито се двајца браќа Роми. Исра е затворен поради трговија со дрога, а Чеито е е во морнарицата. Кога Исра е ослободен од затвор и Чеито завршува долга мисија што го однела во Сомалија и Сејшелите, двајцата се враќаат на островот Сан Фернандо. Повторното обединување на браќата ќе го обнови сеќавањето на насилната смрт на нивниот татко кога тие биле деца. Сега Исра има 26 години и се враќа на островот Сан Фернандо за да се обиде да ги опорави сопругата и трите ќерки. Но, дали ќе биде можно Исра легално да преживее во местото со најмногу невработени во Шпанија? Потрагата по откуп, потребата да го продолжат својот живот и да се помират со себе повторно ќе ги обединат Исра и Чеито. Со повторното обединување на двајцата браќа, ќе го откриеме актуелниот живот во населбата Ла Казерија и потребата да се надмине минатото обележано со отсуството на таткото.

Режисер: Исаки Лакуеста

Улоги: Израел Гомез Ромеро, Франциско Хозе Гомез Ромеро, Росио Рендон, Јоланда Кармона, Даниел, Ерика и Мануел Гомез Рендон, Лореин Галеа, Мануел Гонзалес дел Танаго.

Недела, 13 октомври 2024 – 00:10 на ТВ Телма

Link:

 

 

 

 

Зам.министерот за локална самоуправа Ерџан Селими на завршен настан во Ниш, по повод “Европската недела на можности”

Денес во Ниш , Република Србија, по повод “Европската недела на можности”, заменик министер за локална самоуправа Ерџан Селими имаше , обраќање на завршниот настан посветен на локалниот развој и прекуграничната соработка.

Истовремено за време на тој настан, заедно со шефот на Европската делегација во Република Србија, Емануеле Жиофре, министерката за Европски интеграции на Република Србија, Тања Мишчевиќ, градоначалникот на општина Ниш, Драгослав Павловиќ, врачија благодарници за успешната реализација на проектите на корисниците на средствата од вториот повик од ИПА 2 програмата.

Ромската заедница во Македонија доби уште еден адвокат – Емран Исмаил

Денеска адвокатската фела во Македонија е побогата за уште еден адвокат. Денеска во адвокатската Комора на Македонија, свечена заклетва даде и Емран Исмаил. Како штп самиот вели, упорностра се исплатеше на крај. Тој по дипломирање на  Правниот факултет своето искуство го стекнуваше во Кривичниот суд на Скопје.

Тој официјално од денес се стекна со адвокатска лиценца и официјално стана адвокат. Тој всупност е уште еден адвокат кој произлегува од ромската заедница во Македонија. Затоа честитики за Емран и многу успеси во неговата професионална кариера.

Првата и единствена ромска општина Шуто Оризари го слави својот 28 роденден

Шуто Оризари почна да се развива по катастрофалниот земјотрес од 1963 г. По обновата на Скопје и неговата околина на местото на денешниот населбата започнува да се населува претежно ромското население. Денеска Шуто Оризари е едно од 10—те скопски општини.

Со постепено обликување на населбата,општината Шуто Оризари почнува да добива изглед на урбанизирано приградско соседството . Со тек на време Шуто Оризари се здобива со свои административни и културни институции.

Во 1996 година Шуто Оризари заедно со двете села околу него — Горно и Долно Оризари, формираат самостојна административна единица — општината Шуто Оризари.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. населението на Шуто Оризари се состоело од 84 Македонци христијани.

На етничката карта од 1927 . Леонард Шулце Јена го укажува Оризаре (Orizare) како село со нејасен ентички состав.

На етничката карта на Северозападна Македонија од 1929 г. Афанасиј Селишчев го обележал Оризари како македонско село.

Генералната слика за населението во општина Шуто Оризари, според пописот на населението, домаќинствата и становите во Р.С.М. брои  нешто повеќе од 23.000 жители (според неофицијални податоци околу 35.000 жители). Според податоците, околу 70 % од вкупното население во општината е од ромска етничка припадност.

Инаку актуелен градоначалник на општината во свој втор мандат е Курто Дудуш Куцо.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 285 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата