Шутка NEWS

Започна субвенционирањето за замена на азбестните покриви со енергетско ефикасни покриви за социјално загрозените категории на граѓани

Градот Скопје го објави јавниот повик за доделување на поединечна субвенција на социјално загрозени категории граѓани, жители на градот Скопје, за замена на азбестните покриви со енергетско ефикасни покриви за 2023 година.
Средствата што Град Скопје ги субвенционира се во висина од најмногу 50% од вредноста на инвестицијата.

Право на учество на Јавниот повик имаат социјално загрозени категории на граѓани, жители на градот Скопје, кои ќе ги заменат азбестните покриви со енергетско ефикасни покриви, ги исполнуваат условите од Јавниот повик и ја доставиле потребната документација.
За надоместување на дел од трошоците и докажување дека условите за учество на Јавниот повик се исполнети, барателот е должен да поднесе пополнето барање, доказ дека припаѓа на една од социјално загрозените категории, нотарски заверена изјава, имотен лист, фотографија од постоечкиот азбестен покрив, договор со изведувач за замена на покривот, како и копија од трансакциска сметка.

Јавниот повик со сите услови и критериуми за аплицирање за субвенцијата, како и сите потребни документи кои треба да се достават со пријавата се достапни на линкот – https://skopje.gov.mk/media/9809/javen-povik-zamena-azbestni-krovovi-2023.pdf

Потребната документација, барателите ја поднесуваат до Комисијата преку Архивата на Град Скопје (барака 16) во затворен плик со назнака: До Сектор за заштита на животната средина– Комисија за доделување на субвенции за замена на азбестните покриви, секој работен ден од понеделник до петок, во период од 08:30 – 15:00 часот.

Јавниот повик ќе трае од денот на објавување до 31 август 2023 година или до исцрпување на средства предвидени за таа намена.

Јавен повик за субвенционирање на граѓаните на градот Скопје за поекономични форми на загревање - високoефикасни инвертер клима уреди за затоплување за 2023 година

Градот Скопје, со цел да ги стимулира жителите на град Скопје (домаќинствата) за употреба на високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување на своите домови, кои се поекономични, енергетски поефикасни и еколошки прифатливи за околината, на жителите кои имаат купено високоефикасен инвертер клима уред во 2023 година ќе им ги надомести трошоците направени при набавка на уредот најмногу до 20.000,00 денари во нето износ по домаќинство.

Јавниот повик ќе трае до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за 2023 година за оваа намена или заклучно со 01 Ноември 2023 година, во зависност од тоа кој услов ќе настапи прв.  Доколку бидат исцрпени сите предвидени финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена, Градот Скопје ќе ја информира јавноста на својата веб страна дека Јавниот повик е прекинат пред истекот на периодот за кој е објавен. Јавниот повик ќе се реализира по редослед на аплицирање, односно по дата и време на аплицирање и по испратена потврда за предадена печка. Право на учество на Јавниот повик: Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на градот Скопје (во општините: Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода, Карпош, Чаир, Шуто Оризари, Центар, Ѓорче Петров, Бутел и Сарај) кои имаат купено високоефикасен инвертер клима уред за затоплување на своето домаќинство (станбен објект) во период од 01.01.2023 година се до завршување на Јавниот повик и ќе поднесат барање за надоместување на трошоците. На Јавниот повик имаат право на учество две или повеќе домаќинства кои живеат по лична карта на иста адреса, исклучиво со приложен доказ дека станува збор за одвоени домаќинства (сметки за различни броила за електрична енергија или со различен имотен лист).

Link: https://skopje.gov.mk/mk/apliciraj/subvencii/

 

По цели 22 дена ќе биде погребан Мемет Камбер на гробиштата Бутел

Конечно по изминати 22 дена се најде решение за случајот,,Мемет” за да биде достојно погребан на гробиштата во Бутел(Скопје).
Инаку Мемет почина на 24 мај во болница и до денес безживотното тело на Мемет стоеше во капелата на гробиштата Бутел во Скопје..

Во врска со овој случај, административните служби работеа на административен проблем на кој требаше да се докаже вистинските односно биолошките родители на Мемет,за истите според законот и доказот од ДНК да бидат евидентирани (запишани)вистинските родители во матичната книга на родени.

Инаку случајот се искомплицира откако се дозна дека биолошката мајка на Мемет го пријави во болница како новородено бебе со позајмена здравствена книшка, односно истата беше позајмена од блиска роднина (золва). Мајката на Мемет неразмислувајки за постапката и последиците од чекорот затоа што таа беше малолетна и имаше само 14-години.

Поврзано со случајот ,,Мемет”на неговото семејството со постојан контакт и помагање им излегоа во пресрет пратеничката Лјатифа Шиковска, државниот секретар при Министерство за правда г-дин Мухамед Точи а како правно лице(бесплатно) беше ангажиран адвокат г-дин,м-р Шенај Османов.

За денешниот погреб со минимална финансиска уплата како трошоци за погреб спрема АД-Бутел во вредност од 30.000 денари ке бидат донирани од страна на Градоначалникот и Советниците од Општина Шуто Оризари.

Според информациите на семејството погребот ке биде реалиран во 14:00 часот во Бутел.

Телото на Мемет Камбер (19) скоро две недели е во капела, власта не му дала документи, а бараат ДНК анализа

Телото на 19-годишниот Мемет Камбер, кој почина на 24 мај во болница без никакви лични документи, сѐ уште е во капелата во Бутел.

Поради тоа што Мемет немал никаков документ за идентифијкација, телото не може да биде предадено. Единствен начин за да се потврди дека роднините навистина биле крвно поврзани со него, што е предуслов да им биде предадено телото, е најблиските роднини кои живееле со момчето да направат ДНК-анализа, на чии резултати сега чекаат.

Мајката на Мемет го напуштила, по што живеел во семејството на вујкото, а не му давале лична карта затоа што немал имотен лист за куќата во која живеел, а била дивоградба. Тој имал тешки здравствени проблеми кои постојано се влошувале, но не можел да се лекува, бидејќи немал ниту пари, ниту документи. Лекарите кои го примија пред да почине, изјавија дека најверојатно никогаш не примил никаков третман за здравствената состојба од која починал. Од друга страна во Министерството за здравство нема никаква пријава за случајот со детето Мемет Камбер, информира министерот за здравство Фатмир Меџити.

 

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 47 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот