Комплетиран предлог составот на новата влада. Шабан Салиу од ДСР предложен за Министер без ресор, гласањето најавено за 22 и 23 јуни

Предлог составот на новата влада е комплетиран и заедно со програмата треба да биде доставен во Собранието, додека гласањето се очекува да се случи претстојниот викенд.

Од  „Твоја Македонија“ во владата ќе има 15 членови, од кои три на вицепремиерски места,  кадри од коалицијата „Вреди“ ќе раководат со пет министерства и ќе имаат едно вицепремиерско место, а два министерски ресора ќе предводи партијата ЗНАМ –  За наша Македонија. Вицепремиерски места ќе имаат и коалициските партнери Социјалистичката партија и Демократската партија на Србите.

Шабан Салиу ќе биде министер без ресор задолжен за интеграција и имплементација на декадата на Ромите.

Мицкоски рече дека при изборот на кадровскиот потенцијал и решенија за состав на новата влада се водел од принципите за чесност и посветеност, како што нагласи – да бидат луѓе кои ќе дадат голема енергија во процесите и целосно ќе се вложат за реализација на амбициозните зацртани цели.

Очекувам успешна реализација односно гласањето да заврши во текот на следниот викенд 22-23 јуни, изјави Мицкоски.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 311 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот