Резервација на термин
Info
Од 1 јуни 2024 г., значително може да ја забрзате постапката за виза со тоа што ќе си обезбедите однапред првична согласност. Вашиот иден работодавач поднесува барање за првична согласност пред Сојузната агенција за вработување пред да побарате термин за поднесување барање за виза. Штом Вашиот иден работодавач ја добие првичната согласност од Сојузната агенција за вработување, Вие може да договорите термин и да поднесете барање за виза истовремено приложувајќи ја првичната согласност. На овој начин, лотаријата отпаѓа, а Вие ќе добиете термин кај ВизаМетрик за само неколку недели. Последната лотарија се одржа во мај за термини во месец јуни 2024. Термините според новата постапката ќе бидат достапни во првата половина на месец јуни.
Ве молиме, самите резервирајте си термин кај ВизаМетрик. Регистрацијата е бесплатна и едноставна.
Ниту е потребно ниту има логика да ангажирате трети лица да Ви резервираат термин. Германската амбасада во Скопје ниту соработува со туристички агенции, ниту со адвокатски канцеларии, ниту пак со некакви приватни понудувачи, така што не постојат никакви привилегии за Вас на овој начин. Тие никако немаат поедноставен пристап до термините за резервација.
Постоечката лотарија отпаѓа до крај на мај!
Забрзана постапка и приоритетен термин ќе може да добиете од 03.06.2024 со првична согласност од локалната надлежна Сојузна агенција за вработување во Германија. Вашиот работодавач го поднесува соодветното барање за Вас. Сојузната агенција за вработување дава информации за точната постапка на нејзината веб страница.
Првичните согласности на Сојузната агенција за вработување важат шест месеци.
Ве молиме, одвојте доволно време и простор, за да го резервирате Вашиот термин смирено и без брзање. Внесете точни податоци и изберете го соодветниот линк.
Кога внесувате термин со првична согласност, внимавајте на тоа, точно да го внесете бројот на корисник на Вашата првична согласност. Сојузните агенции за вработување го препраќаат тој број на корисник до ВизаМетрик. Може да се резервира термин само со број на корисник, којшто бил препратен од Сојузната агенција за вработување.
Ќе добиете мејл со потврда за резервиран термин од ВизаМетрик. Ве молиме, редовно проверувајте ја папката за СПАМ е-пошта.
Дипломатското претставништво не дава специјални термини, па затоа Ве замолуваме да не испраќате такви барања.
Прием на барања од ВизаМетрик
Приемот на барањата согласно Правилото за Западен Балкан се врши во Приемниот центар на ВизаМетрик.
На терминот со лично присуство се плаќа такса за виза во висина од 75,00 евра (во денарска противвредност) и сервисна такса во висина од 37,50 евра. Таксите се плаќаат во локалната валута. Точниот износ го имате на следниов линк. Освен тоа, на лице место може да изберете некоја од многуте дополнителни услуги што се плаќаат, како копирање, фотографии за пасош или испраќање на сопствениот пасош по пошта, по одлука на Визното одделение. Преглед на овие услуги имате исто така на веб страницата на ВизаМетрик.
На терминот со лично присуство мора да ги поднесете потребните документи и да оставите Ваши биометриски податоци (фотографии и отпечатоци од прст).
Одлука
И понатаму исклучиво Амбасадата решава по однос на барањата за виза. ВизаМетрик и тамошните вработени немаат влијание врз исходот од постапката за виза.
Ако сте ја избрале услугата за пратка, тогаш ВизаМетрик ќе Ви го испрати пасошот. Ако Ви била доделена виза, тогаш таа виза веќе ќе биде залепена во Вашиот пасош.
Соопштението дека сте биле одбиени и понатаму ќе го добивате по мејл испратен од Визното одделение на амбасадата.
Ако сте се одлучиле сами да го подигнете пасошот од ВизаМетрик, тогаш директно ВизаМетрик ќе Ве извести да дојдете да си го подигнете пасошот.
Имате можност за жалба дека сте биле одбиени за виза, за која барањето сте го поднеле во Приемниот центар за визи. Но, Ве молиме, имајте предвид дека жалбата по одлуката ќе мора да ја упатите директно до Визното одделение.