Шутка NEWS

Приватните автобуси во Скопје до петок ќе возат само до 10 часот изутрина, бараат финансии за да продолжат да работат

Дел од приватните автобуски превозници во Скопје до крајот на оваа неделка ќе возат само до 10 часот наутро. Ова е, како што велат, предупредување и бараат исплата на финансии за да можат да продолжат да возат. Според нив, од јануари годинава имаат земено само дел од средствата и оти не им се исплатени пари за услугата што ја даваат.

Дел од нив, како што велат, имале средба со директорот на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, кој сега веќе е разрешен од функцијата, а од кого добиле ветување дека постепено ќе им се исплаќаат заостанатите средства. На тој начин, како што велат, до септември целосно ќе им бил исплатен долгот.

За тоа што ќе се случува по неговото разрешување велат дека немаат никаква најава.

Приватните превозници во ноември 2022 година престанаа да бидат дел од градскиот јавен превоз поради долгови што бараа да им бидат исплатени од Град Скопје. Кон крајот на ноември и почетокот на декември со повеќе од 300 автобуси паркирани на клучните крстосници го блокираа главниот град.

Градоначалничката Данела Арсовска негираше дека градот има долг кон приватниците, а минатата година рече оти е сигурна дека Град Скопје може да функционира без приватни автобуски превозници.

Скопје: Акција за отплата на долгови без пресметка на камата до 31 јули 2024 година

ЈП Водовод и канализација – Скопје ја известува јавноста и граѓаните на град Скопје, дека акцијата за отплата на долговите без пресметка на камата за задоцнето плаќање е во тек.

Акцијата за отплата на долговите на рати без камата за физички и правни лица е со определен временски рок почнувајќи од 20.06.2024 заклучно до 31.07.2024.

-Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг во овој период да аплицираат за склучување на договори за отплата на долговите на најмногу 48 рати за физички лица и 24 рати за правни лица, во зависност од висината на долгот, без пресметка на камата за задоцнето плаќање.

Одлуката за спроведување на акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата не важи за органите на државната и локалната власт и другите државни органи основани согласно Уставот и со закон и институциите кои вршат дејности од јавен интерес, велат од Водовод.

По истекот на овој период одлуката престанува да важи.

За секоја дополнителна информација за услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје контактирајте на:

02 3073 010, Дежурно Информативен Центар; 02 3240 300, Дирекција; Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.; www.vodovod-skopje.com.mk; www.facebook.com/jpvodovod.skopje

 

Ромскиот конечно во Google Translate: Најголемата јазична експанзија во историјата! Google додаде 110 нови јазици

Google објави дека додава 110 нови јазици на својот преведувач, вклучувајќи го и ромскиот. Ова големо ажурирање го претставува најголемото проширување на јазичната поддршка во историјата на Google Translate и отвора нови можности за комуникација за повеќе од 614 милиони луѓе ширум светот. Google Translate има за цел да ги сруши јазичните бариери и да им помогне на луѓето подобро да го разберат светот околу нив. Благодарение на употребата на напредни јазични модели на вештачка интелигенција, Google успеа да додаде стотици мали, но и главни јазици на својот преведувач. Покрај ромскиот, новоподдржаните јазици вклучуваат, на пример, кантонски, манкс, нко или берберски јазик Тамазит. Сепак, големата вест е можноста да се преведува на и од ромски, јазикот на ромските заедници ширум светот. „Ова ажурирање е добредојдено и одамна задоцнето! изјавија од мрежата на ромски непрофитни организации ERGO Network.

Многу фактори се земаат предвид при додавање нови јазици во Google Translate, вклучувајќи регионални варијации, дијалекти и различни стандарди за правопис. Многу јазици немаат единствена стандардна форма, што значи дека не постои „точна“ варијанта. Затоа Google се обидува да даде приоритет на најчесто користените варијанти на поединечни јазици.

„На пример, ромскиот е јазик кој има многу дијалекти низ Европа. Нашите модели произведуваат текст што е најблизок до јужноолашки ромски (јужновлашки), сортата која најчесто се користи на интернет. Меѓутоа, во нив се мешаат и елементи на други, на пример Северна Олаш (Северна Влашка) и балкански Роми“, се вели во соопштението за печатот на Google.

Акција на Комунална хигиена од 19 јуни до 31 јули 2024 година, платете заостанат долг без камата

ЈП Комунална хигиена Скопје ги известува своите корисници физички лица од домаќинствата (тужени и редовни) коишто имаат заостанат долг за собирање и транспортирање комунален отпад преку заедничката сметка со ЈП Водовод и канализација Скопје, дека од денеска, 19 јуни 2024 година, заклучно со 31 јули 2024 година, имаат можност да го платат без пресметана камата за задоцнето плаќање. Наплатата на овие заостанати долгови ќе се одвива преку наплатните пунктови на ЈП Водовод и канализација-Скопје (освен тужбата којашто датира од 2007 година).

Можноста за плаќање на заостанатиот долг без пресметана камата во наведениот период се однесува и на корисниците-физички лица од домаќинствата (тужени и редовни) кај коишто услугата за собирање и транспортирање комунален отпад се наплатува само преку сметката на ЈП Комунална хигиена-Скопје (рурални средини и корисници од општина Шуто Оризари). Наплатата на овие заостанати долгови ќе се одвива во наплатниот пункт на ЈП Комунална хигиена-Скопје, на улицата Боро Тодоровиќ бр.2.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 103 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата