Шутка NEWS

Северна Македонија: Постизборни комбинаторики – Влада без Ромски преставници – „Веќе видено„ но без ДУИ по 20 години власт - стабилизација или дестабилизација?

Граѓаните на 8 мај на парламентарните и претседателските избори ја дадоа својата „пресуда“ како треба да продолжи државата во наредните четири години. Додека мислиме дека многу проблеми можат да се решат преку избори, сега земјата може да влезе во уште еден лавиринт на постизборна комбинаторики, почнувајќи од формирањето на влада, уставни измени, спроведувањето на Договорот од Преспа, како и многу други прашања кои се фундаментални за државата.

Ден по објавувањето на првите изборни резултати од страна ДИК, Собранието на Северна Македонија ќе изгледа вака –

Kоалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, на парламентарните избори обезбеди 58 мандати, , Коалиција “ЕВРОПСКИ ФРОНТ’’ - ДУИ

19 мандати, КОАЛИЦИЈА ЗА ЕВРОПСКА ИДНИНА - СДСМ  - 18 мандати, КОАЛИЦИЈА ВЛЕН  - 13 мандати. Политичка Партија ЛЕВИЦА  - 6 мандати и Движење ЗНАМ - За Наша Македонија  - 6 мандати. И веднаш се започнати со постизборни комбинаторики.

Скоро е веројатно дека и овој состав на Влада ќе биде без Ромски преставници или „Веќе видено„.

Но според ВМРО ДПМНЕ и претходно најави дека нема намера да каоалицира со ДУИ како дел од албанскиот блок. Но без ДУИ по 20 години власт штоо треба да се очекува? Стабилизација или дестабилизација? Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисијата 

 на Канал 5 рече дека пред  да коалицираме со други партии треба да консолидираме 61 пратеничко место. Тој нагласи дека е подготвен за секакви сценарија од страна на ДУИ, по пораката на Али Ахмети дека треба да ги почитува резултатите од изборите за да има мир и стабилност во земјата.

На 8 мај, политичката сцена доби нова димензија во земјата, со убедливата победа на опозициските партии на парламентарните избори. Оваа победа исплива на виделина недовербата на голем дел од гласачкото тело кон се што се случило овие години.  Сега, со новиот политички мандат, очекувањата се високи за промени во пристапот кон многу теми. На што се должи ова,  тоа е прашање за милион долари.

Македонските граѓани од 1. јуни полесно до работа во Германија

Граѓаните на Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија ќе уживаат привилегиран пристап до пазарот на трудот во Германија од 1 јуни 2024 година, според Регулативата за Западен Балкан.

Тоа е затоа што Германија одлучи да го удвои бројот на визи што ќе им се доделуваат на државјаните на овие шест земји за работни цели годишно на 50.000, пишува SchengenVisaInfo.

Од јуни 2024 година, годишната квота ќе се зголеми на 50.000 издадени одобренија од Федералната агенција за труд на Германија.

Новите правила ќе бидат споделени во догледно време, а дотогаш сите термини ќе продолжат да се доделуваат преку системот на лотарија.

Германските амбасади во овие шест земји од Западен Балкан воспоставија систем за месечно извлекување на лотарија кој по случаен избор избира поединци на кои ќе им биде дозволено да закажат термин за да ги поднесат своите барања за виза.

Следната регистрација за термин за работна виза за Германија според Регулативата за Западен Балкан ќе се отвори оваа среда, 7 мај 2024 година, а ќе се затвори по една недела, на 14 мај 2024 година.

Избори 2024 - Р.Северна Македонија: Крах за СДСМ, дали пирова победа за ДУИ, а Ромите повторно без свој народен пратеник?

Во Македонија ќе се случат коренити политички промени откако коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ му нанесе тежок пораз на СДСМ на вчерашните парламентарни избори и потоа објави дека нема да прави влада со ДУИ.

Во новиот состав на Собранието влегуваат четири коалиции и две партии кои на изборите настапија самостојно.

  • Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ освои 43,23% гласови и 58 пратенички места.
  • Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ доби 15,36% гласови и 18 мандати.
  • Коалицијата „Европски фронт’ на чело со ДУИ освои 13,78% гласови и ќе има 19 пратеници.
  • Коалицијата „ВЛЕН“ има 10,72% гласови и 13 пратеници.
  • Левица доби поддршка од 6,75% избирачи и ќе има шест пратеници.
  • Движењето ЗНАМ освои 5,57% гласови и шест мандати во Собранието.

Ниедна друга партија не го надмина прагот од 1% гласови.

 

Традиција кај старите Роми: 2 мај - Денот на најубавите јагниња во Шуто Оризари.

На својот ФБ профил Даниел Петровски - Магистер по  Етнологија и антропологија напиша

„Неколку ромски семејства, традиционално ги презентираа своите јагниња уште рано наутро. Јагнињата, неколку месеци предходно купени најмногу од селата Копаница и Рашче, го најавија празникот Ерделези, со кој се мисли дека е период кога завршува зимата и почнува новата летна сезона. Јагнињата се големи но се млади неколку месеци и сеуште цицаат млеко. Иако овој ден е наречен " ден на шампионските јагниња", сите прикажани јагниња се всушност најубави и секој сопственик кој учествуваше на колективниот натпревар беше горд.„

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 123 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата