Шутка NEWS

Во КПУ „Идризово„ уште еден случај на претепан Ром – затвоореник

Според објавата на социјалните мрежи од страна на ФБ профилот „Инфо-Ром„ се вели дека во затворот „Идризово„ во Скопје, ппродолжуваат заканите кон затворениците од Ромска националност.

Според објавата се вели дека туе се уценуваат и рекетираат во висина од 1000 евра месечно, самоо да не бидат тепани и малтретирани.

Од чија страна е уцената не е наведено туку само акцентирано со зборот „Лешинари„

Поповод оваа непотврдена информација реагираше и пратеничката Љатифа Шиковска која побара од В.Д Директор на Управа за извршување на санкциите: Јовица Стојановиќ, да ја преиспита оваа состојба и направи надзор, за подоцна да ја информира што навистина се случувало во затворот во Идризово.

Овој напад не е изолиран и единствен, туку и во минатото имало зачестени закани и физички атаци врз затворениците Роми од страна на службените лица и другите затвореници

Link: https://www.facebook.com/photo/?fbid=301317669090869&set=a.181102334445737

Скопје се сеќава: Пред точно 60 години градот беше погоден од разорниот земјотрес

На денешен ден – 26 јули во 1963 скопјани го разбуди најголемата природна катастрофа што го снашла градот. Во 5:17 часот се затресе тлото под Скопје со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала.

Земјотресот зад себе остави урнатини, одзеде 1 070 животи, а околу 3 000 лица беа повредени. Над 200 000 жители останаа без покрив над главата. Но, го претвори Скопје и во град на солидарноста – хуманитарна помош за обновување на градот пристигаше од сите страни.

И Обединетите нации презедоа активности за плански и долгорочно да му се помогне на разурнатиот град. На 23 септември 1963 година, 35 земји побараа Генералното собрание да стави на дневен ред од своето заседание точка за преземање мерки по повод земјотресот во Скопје. Подоцна, на 27 септември, Генералното собрание и даде приоритет на меѓународната акција за давање помош на Скопје.

На 14 октомври, Генералното собрание на Обединетите нации едногласно усвои Резолуција за давање помош на југословенската влада при реконструкцијата на Скопје, во која се изразува жалење по повод големата катастрофа. Во дебатата за давање помош на Скопје, Генералното собрание го ислуша излагањето на претставници од над 20 земји од сите континенти. Тој ден остана во аналите на Обединетите нации како ден на Скопје.

Денеска 60-годишнината од земјотресот во главниот град ќе биде одбележана со низа активности на повеќе локации низ Скопје, а во продолжение издвојуваме некоолку фотографии од 26 јули 1963 година.

 

Суана Зекир прва Ромка во ИТ секторот како дип.инжињер – отсек компјутерски системи и мрежи

Деновиве во на својот ФБ профил постариот брат на Суана Зекир  - Бурхан Зекир кој и самиот е магистар по информатички науки смер компјутерски системи и мрежи со просек од 8,64 објави дека е горд на својата сестра каде успешно ја одбранила својата дипломаска работа на тема :”Интелигентни системи и нивна примена во невромаркетинг и невроппсихологија”.
Сега таа се стекна со титула дип.инжињер – отсек компјутерски системи и мрежи

Суана Зекир е всушност и првата Ромка со таа титула во ИТ секторот.

Самиот успех на братот и сестрата во иднина ќе преставува и мотив за помладите да го следат нивниот пат, и така само со образование може да придонесат многу повеќе как за самите себе исто така и за рушење на стереотипите кон Ромите и ромската заедница.

Уште еднаш Суана Зекир честитики и мноогу успех во твојата понатамошна професионална кариера.

Започна субвенционирањето за замена на азбестните покриви со енергетско ефикасни покриви за социјално загрозените категории на граѓани

Градот Скопје го објави јавниот повик за доделување на поединечна субвенција на социјално загрозени категории граѓани, жители на градот Скопје, за замена на азбестните покриви со енергетско ефикасни покриви за 2023 година.
Средствата што Град Скопје ги субвенционира се во висина од најмногу 50% од вредноста на инвестицијата.

Право на учество на Јавниот повик имаат социјално загрозени категории на граѓани, жители на градот Скопје, кои ќе ги заменат азбестните покриви со енергетско ефикасни покриви, ги исполнуваат условите од Јавниот повик и ја доставиле потребната документација.
За надоместување на дел од трошоците и докажување дека условите за учество на Јавниот повик се исполнети, барателот е должен да поднесе пополнето барање, доказ дека припаѓа на една од социјално загрозените категории, нотарски заверена изјава, имотен лист, фотографија од постоечкиот азбестен покрив, договор со изведувач за замена на покривот, како и копија од трансакциска сметка.

Јавниот повик со сите услови и критериуми за аплицирање за субвенцијата, како и сите потребни документи кои треба да се достават со пријавата се достапни на линкот – https://skopje.gov.mk/media/9809/javen-povik-zamena-azbestni-krovovi-2023.pdf

Потребната документација, барателите ја поднесуваат до Комисијата преку Архивата на Град Скопје (барака 16) во затворен плик со назнака: До Сектор за заштита на животната средина– Комисија за доделување на субвенции за замена на азбестните покриви, секој работен ден од понеделник до петок, во период од 08:30 – 15:00 часот.

Јавниот повик ќе трае од денот на објавување до 31 август 2023 година или до исцрпување на средства предвидени за таа намена.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 244 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата