Шутка NEWS

Странски студенти ќе учат ромска музика во Шуто Оризари

Професорката по гитара од Израел Хамутал Зимра оствари средба во општина Шуто Оризари за воспоставување на соработка со цел учење на традиционална ромска музика ова лето во Шуто Оризари.

Вкупно 20-40 ученици се заинтересирани да дојдат во Шуто Оризари за да ги научат спецификите и автентичноста во изведувањето на ромската музика вклучувајќи: ритам, мелодија и сл.

Оваа група на ученици ќе бидат обучувани од страна на музичари Роми во две групи : пеење и свирење.

Планирано е групата да пристигне во текот на месец август, а од локалната самоуправа беше побарано поддршка во однос на обезбедување простор за одржување на часови, сместување и вмрежување со музичари кои ја познаваат ромската музика.

Оваа иницијатива во соработка со Општина Шуто Оризари ќе овозможи поширока промоција на ромската музичка уметност.

Факти за општината Шуто Оризари

Шуто Оризари почнува да се развива кон крајот на 1963, почетокот на 1964 година, со населување на првите жители, претежно Роми. Името потекнува од зборот “шуто” што во превод значи неплодно. Со постепено обликување на населбата, Општината Шуто Оризари почнува да добива изглед на урбанизирано приградско соседство.

Со тек на време населбата се здобива со свои административни и културни институции. Во 1996 година Шуто Оризари заедно со двете села околу него – Горно и Долно Оризари, формираат самостојна административна единица – општина Шуто Оризари. Општина Шуто Оризари е првата општина во светот со мнозинско ромско население. 

Општина Шуто Оризари зафаќа површина од 7,48 км² и има густина на населеност од 2.780,75 жит/км².

Генералната слика за населението во општина Шуто Оризари, според пописот на населението, домаќинствата и становите во Р.М. од 2002 година e дадена во табелите подолу (според неофицијални податоци околу 35.000 жители). Според податоците, 60,6% од вкупното население во општината е од ромска етничка припадност или околу 14.000 Роми.

Сепак, со повторна напомена дека сите овие податоци треба да се земат со резерва со оглед на тоа дека дека е поминат долг период од последниот официјален попис.

Миграциските движења на населението покажуваат тренд на зголемување на вкупното население во општина Шуто Оризари, и се прикажани во следните табели заедно со старосната структура на населението (од кое само 4.6% е над старосната граница од 65 години, и се разликува значително од населението во Град Скопје над истата старосна граница кое изнесува 10.4%)

Во Општина Шуто Оризари има 2 основни училишта. Едното од нив се вика „Браќа Рамиз и Хамид“ каде учениците освен што учат на македонски јазик и имаат предмет ромски јазик. Другото училиште е „26 Јули“ каде се учи на албански јазик. Истовремено има и едно средно училиште кое го носи името „ Шаип Јусуф„
Во општината има и амбуланта каде се лекуваат скоро сите жители од Шуто Оризари но и од околните села Бразда, Кучевиште, Побожје 

Градоначалникот на општината од 2017 година со четригодишен мандат е Курта Дудуш од СДСМ. Советот на општината брои 19 советници од кои осум се од СДСМ,седум од СРМ, двајца од ДУИ, еден од Беса и еден од Алијанса на Албанците.

Донесена е ОДЛУКА за отварање на Полициско Одделение во Шуто Оризари

Советот на Општина Шуто Оризари донесе Одлука за отворање на полициско одделение и Одлука за отстапување на објект во сопственост на општина Шуто Оризари заради отворање на Полициско одделение на МВР.

Советот на општина Шуто Оризари поради зголемениот број на нарушувања на јавниот ред и мир, зголемената фреквенција на посетители на пазарот, како и поради сообраќајниот метеж на главната улица во Шуто Оризари утврди потреба за отворање на полициско одделение.

Согласно Член 2 од Одлуката на отворање на полициско одделение, работата на полициското одделение ќе биде во согласност со надлежностите на Министерството за внатрешни работи, а во насока на превентивно делување- спречување на кривични дела, зголемување на заштитата на безбедноста на граѓаните и ефикасно разоткривање на сторителите на кривични дела.

На Министерството за внатрешни работи на Р. Северна Македонија, му се отстапува без надоместок во владение просториите кои се во сопственост на општина Шуто Оризари лоцирани на ул. Нов Живот бб за вршење на работи од областа на јавната безбедност.

Д-р Снежана Зоксимовска во Поликлиника Шуто Оризари за 3 децении има вакцинирано над 100.000 деца

Во скопската општина Шуто Оризари статистички гледано има најмал процент на противни на вакцинацијатаи најмал процент на заболени од морбили.

Ромите од населбата редовно ги носат своите деца на вакцинација.

Оваа општина во Скопје има најголем опфат на имунизација, вакцината за морбили ја имаат примено 97% од децата на возраст до 12 месеци.

Д-р Снежана Зоксимовска во Поликлиника Шуто Оризари за 3 децении има вакцинирано над 100.000 деца.

Децата кои беа вакцинирани пред децении сега , сега ги носат вниците кај неа на имунизација.

„Многу е големо задоволството, кога ќе ти дојде родител со дете или баба со внуче и кога ќе им каже: „ Еј внуче, мое оваа докторка и мене ме вакцинираше
Тоа значи дека исто и самите родители имаа доверба во мене на сите кои сум ги вакцинирала„ Тоа резултат од мојата 30 години работа во оваа поликлиника„, напоменува Де Снежана Зоксимовска.

Инаку од 59 заболени од морбили во Скопје, од оваа општина има само едно седум месечно бебе. Вакцината против морбили од оваа општина ја имаат примено 97% од децата.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 272 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот