Градот Скопје, со цел да ги стимулира жителите на град Скопје (домаќинствата) за употреба на високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување на своите домови, кои се поекономични, енергетски поефикасни и еколошки прифатливи за околината, на жителите кои имаат купено високоефикасен инвертер клима уред во 2023 година ќе им ги надомести трошоците направени при набавка на уредот најмногу до 20.000,00 денари во нето износ по домаќинство.
Јавниот повик ќе трае до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за 2023 година за оваа намена или заклучно со 01 Ноември 2023 година, во зависност од тоа кој услов ќе настапи прв. Доколку бидат исцрпени сите предвидени финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена, Градот Скопје ќе ја информира јавноста на својата веб страна дека Јавниот повик е прекинат пред истекот на периодот за кој е објавен. Јавниот повик ќе се реализира по редослед на аплицирање, односно по дата и време на аплицирање и по испратена потврда за предадена печка. Право на учество на Јавниот повик: Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на градот Скопје (во општините: Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода, Карпош, Чаир, Шуто Оризари, Центар, Ѓорче Петров, Бутел и Сарај) кои имаат купено високоефикасен инвертер клима уред за затоплување на своето домаќинство (станбен објект) во период од 01.01.2023 година се до завршување на Јавниот повик и ќе поднесат барање за надоместување на трошоците. На Јавниот повик имаат право на учество две или повеќе домаќинства кои живеат по лична карта на иста адреса, исклучиво со приложен доказ дека станува збор за одвоени домаќинства (сметки за различни броила за електрична енергија или со различен имотен лист).
Link: https://skopje.gov.mk/mk/apliciraj/subvencii/