Шутка NEWS

Започна и заврши судскиот процес против четворица затворски службеници за претепување на затвореник Ром во Идризово, за сите четворица условна казна во траење од три години

Точно по скоро десет месеци деновиве започна судскиот процес против четворицата полицајци вработени во Идризов. За ова информираше и адвокатот м-р Шенај Османов бранител во судскиот спор поврзано со претепаниот С. А. Адвокатот Османов укажа дека во Основен кривичен суд Скопје започна судењето против четворицата полицајци вработени во Казнено поправната Установа Идризово кои на ден 31.12.2022 година ноќта околу 02.20 часот нанесувајки му телесни повреди на осудениот С.А од Скопје – Шуто Оризари, и против сите четвоорица затворски службеници беше покренато обвинение за малтретирање при вршење на службата согласно чл. 143 од КЗ.

Од наводите во кривичната пријава и доказите во Обвинителниот предлог, обвинетите на главната расправа тие ја признаа вината и се произнесоа дека се каат за стореното дело и да бараат судот да им изрече поблага казна со ветување дека во иднина ќе се однесуват совесно и одговорно со сите осудени.

Инаку за потсетување поврзано со случајот од 31.12.2022 год.(дочек на нова 2023 год) имено во таа иста вечер беше претепан (тогашниот) затвореник С.А. во тој период тој ја издржуваше казната затвор во казнено поправната установа Идризово.
И конечно на крај, после дадените завршни зборови, судот донесе пресуда дека сите четири обвинети се огласуват за виновни и се осудуват на Условна казна кои во наредните три години нема да можат да сторат ново кривично дело слично на оваа.
Одбраната се упатува на граѓански спор за оштетно побарување” информираше адвокатот Шенај Османов.

По случајот со 11-месечното бебе, кое според тврдењето на родителите, било повредено, извршен вонреден инспекциски надзор во градинката во Шуто Оризари

Извршен е вонреден инспекциски надзор во градинката во Шуто Оризари по случајот со 11-месечното бебе, кое според тврдењето на родителите, било повредено. Задолжена е директорката на градинката да почне постапка за утврдување на фактичката состојба или евентуална вина кај вработените.

– Во врска со случајот со детето од градинката „8-Април“ во Шуто Оризари, извршен е вонреден инспекциски надзор, земени се изјави од вработените и согласно Законот за заштита на деца, инспекторите ќе издадат решение за постапување и утврдување на фактичката состојба или евентуална вина на вработените за згрижување за детето. Односно, инспекторите ја задолжуваат директорката на детската градинка да започне постапка за утврдување на фактичката состојба или евентуална вина на вработените за згрижување за детето, велат од Министерството за труд и социјална политика.

Министерството за внатрешни работи во саботата соопшти дека родителите го пријавиле случајот во петокот тврдејќи дека нивната малолетна ќерка се здобила со тешка телесна повреда во градинка на подрачјето на Шуто Оризари.

– Во СВР Скопје, И.С.(28) од Скопје пријавил дека во текот на денот во детска градинка на подрачје на Шуто Оризари неговата малолетна ќерка се здобила со тешка телесна повреда, констатирана во Ургентен центар во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Според пријавеното, неговата сопруга ја однела нивната ќерка во градинката околу 8 часот и бидејќи е во период на адаптација, ја зела во 10 часот. Исто така, според пријавеното, кога го донела дома и почнала да го пресоблекува, девојчето не престанувало да плаче, по што го однеле во Ургентниот центар, каде што лекар ја констатирал повредата, информираше МВР во саботата.

 Link: https://netpress.com.mk/izvrshen-vonreden-inspekciski-nadzor-vo-gradinkata-vo-shuto-orizari/

 

Курто Дудуш – Куцо: „Оставам на граѓаните на Ш.Оризари да одлучат, дали да се борам и на следните избори за нов градондачалнички мандат„

Веб порталот Рома Тајмс продолжува со својот серијал  на екслузивни интервјуа. Овој пат со актуелниот градоначалник Ром на  едниствената ромска општина во Европа – Шуто Оризари

Рома Тајмс: Г-дине Дудуш тече веќе и Вашиот втор мандат како градначалник  на општината Ш.Оризари. објективно колку сте задоволни од досегашните спроведени активноости во општината?

Курто Дудуш: Со оглед на фактот дека сме општина со најмал буџет во РСМ мислам дека постигнавме многу. Тука би наброил активности кои се од круцијално значење за нашата општина за подобрување на квалитетот на живот и подобрување на животната средина:
Заштита од поплавување на долниот дел на Шуто Оризари, 5.2км атмосферска канализација, реконструкција на сите главни сообраќајници низ целата населба, лед смарт осветлување, изградба на детски паркови, подигање и трајно отстранување на сите депонии во внатрешниот дел на нашата општина, реконструкција и обнова на двете основните училишта, нова детска градинка и многу други проекти.

РТ: Според Ваше мислење на кое поле постигнавте најмногу,  а на кое поле не се исполнети во целост очекувањата?
КД: Шуто Оризари од нејзино формирање па се до пред моето назначување беше запоставена општина, и покрај гореспоменатите многубројни активности има уште многу да се сработи, но тука не застануваме продолжуваме со исто темпо се до исполнување на сите зацртани цели.

РТ:Кој ви е моментално најголем приоритет и фокус во Вашата работа?
КД: Приоритет бр.1 ставаме на деталните урбанистички планови, потребата од носење на планови е од круцијална важност, услуга која треба да им ја овозможиме на граѓаните, да овозможиме општината да се прошири но и да го зајакнеме економскиот развој на нашата општина со планирање на нова трговска индустриска зона во која гледаме потенцијал за идни вработувања, впрочем адут ни е и потенцијалот кој го имаме во нашата општина од многу млади невработени Роми.

РТ: Како ја оценувате досегашната соработка со државата (Владата), и дали таа води доволно грижа за приоритетите на Ромската заедница – со фокус во Ш.Оризари?

КД: Како единствен Ром градоначалник и единствена Ромска општина во Европа и пошироко секоја влада вклучително и актуелната треба и може да помогне повеќе него што го практикуваат во овој момент, треба да се земаат во предвид сите околности, ситуацијата во која се наоѓа Ромската заедница кај нас, но и надвор од нашата држава и да се стреми да бидеме пример во регионот, со тоа што со нас имаат партнер кој е подготвен со тим и проекти да овозможи реализација на сите барања на Европската комисија (економски и социјални права,домување,образование,вработување,култура и положбата на жената ромка).

РТ:Дали планирате да се кандидрате за уште еден мандат како градоначалник во општината Ш.Оризари?
КД:По ова прашање би оставил граѓаните да се изјаснат, мојот мандат е до ноември 2025 и секако ако граѓаните тоа го бараат од мене, мене ми е обврска да продолжам со позитивните промени за нашата заедница и модернизација на нашата општина.

 

Единствената ромска општина во светот Шуто Оризари го прославува својот 27 роденден

12.Септенври е ден на општината Шуто Оризари.

Шуто Оризари почна да се развива по катастрофалниот земјотрес од 1963 г. По обновата на Скопје и неговата околина на местото на денешниот населбата започнува да се населува претежно ромското население. Денеска Шуто Оризари е едно од периферијата на денешно Скопје.Со Постепено Обликување на населбата,Општината Шуто Оризари почнува да добива изглед на урбанизирано приградско соседството . Со тек на време Шуто Оризари се здобива со свои административни и културни институции. Во 1996 година Шуто Оризари заедно со селото Горно Оризари, формираат самостојна административна единица општината Шуто Оризари. Нека е честит и уште многу години да се одбележува.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 331 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата