Курто Дудуш – Куцо: „Оставам на граѓаните на Ш.Оризари да одлучат, дали да се борам и на следните избори за нов градондачалнички мандат„

Веб порталот Рома Тајмс продолжува со својот серијал  на екслузивни интервјуа. Овој пат со актуелниот градоначалник Ром на  едниствената ромска општина во Европа – Шуто Оризари

Рома Тајмс: Г-дине Дудуш тече веќе и Вашиот втор мандат како градначалник  на општината Ш.Оризари. објективно колку сте задоволни од досегашните спроведени активноости во општината?

Курто Дудуш: Со оглед на фактот дека сме општина со најмал буџет во РСМ мислам дека постигнавме многу. Тука би наброил активности кои се од круцијално значење за нашата општина за подобрување на квалитетот на живот и подобрување на животната средина:
Заштита од поплавување на долниот дел на Шуто Оризари, 5.2км атмосферска канализација, реконструкција на сите главни сообраќајници низ целата населба, лед смарт осветлување, изградба на детски паркови, подигање и трајно отстранување на сите депонии во внатрешниот дел на нашата општина, реконструкција и обнова на двете основните училишта, нова детска градинка и многу други проекти.

РТ: Според Ваше мислење на кое поле постигнавте најмногу,  а на кое поле не се исполнети во целост очекувањата?
КД: Шуто Оризари од нејзино формирање па се до пред моето назначување беше запоставена општина, и покрај гореспоменатите многубројни активности има уште многу да се сработи, но тука не застануваме продолжуваме со исто темпо се до исполнување на сите зацртани цели.

РТ:Кој ви е моментално најголем приоритет и фокус во Вашата работа?
КД: Приоритет бр.1 ставаме на деталните урбанистички планови, потребата од носење на планови е од круцијална важност, услуга која треба да им ја овозможиме на граѓаните, да овозможиме општината да се прошири но и да го зајакнеме економскиот развој на нашата општина со планирање на нова трговска индустриска зона во која гледаме потенцијал за идни вработувања, впрочем адут ни е и потенцијалот кој го имаме во нашата општина од многу млади невработени Роми.

РТ: Како ја оценувате досегашната соработка со државата (Владата), и дали таа води доволно грижа за приоритетите на Ромската заедница – со фокус во Ш.Оризари?

КД: Како единствен Ром градоначалник и единствена Ромска општина во Европа и пошироко секоја влада вклучително и актуелната треба и може да помогне повеќе него што го практикуваат во овој момент, треба да се земаат во предвид сите околности, ситуацијата во која се наоѓа Ромската заедница кај нас, но и надвор од нашата држава и да се стреми да бидеме пример во регионот, со тоа што со нас имаат партнер кој е подготвен со тим и проекти да овозможи реализација на сите барања на Европската комисија (економски и социјални права,домување,образование,вработување,култура и положбата на жената ромка).

РТ:Дали планирате да се кандидрате за уште еден мандат како градоначалник во општината Ш.Оризари?
КД:По ова прашање би оставил граѓаните да се изјаснат, мојот мандат е до ноември 2025 и секако ако граѓаните тоа го бараат од мене, мене ми е обврска да продолжам со позитивните промени за нашата заедница и модернизација на нашата општина.

 

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 351 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот