Точно по скоро десет месеци деновиве започна судскиот процес против четворицата полицајци вработени во Идризов. За ова информираше и адвокатот м-р Шенај Османов бранител во судскиот спор поврзано со претепаниот С. А. Адвокатот Османов укажа дека во Основен кривичен суд Скопје започна судењето против четворицата полицајци вработени во Казнено поправната Установа Идризово кои на ден 31.12.2022 година ноќта околу 02.20 часот нанесувајки му телесни повреди на осудениот С.А од Скопје – Шуто Оризари, и против сите четвоорица затворски службеници беше покренато обвинение за малтретирање при вршење на службата согласно чл. 143 од КЗ.
Од наводите во кривичната пријава и доказите во Обвинителниот предлог, обвинетите на главната расправа тие ја признаа вината и се произнесоа дека се каат за стореното дело и да бараат судот да им изрече поблага казна со ветување дека во иднина ќе се однесуват совесно и одговорно со сите осудени.
Инаку за потсетување поврзано со случајот од 31.12.2022 год.(дочек на нова 2023 год) имено во таа иста вечер беше претепан (тогашниот) затвореник С.А. во тој период тој ја издржуваше казната затвор во казнено поправната установа Идризово.
И конечно на крај, после дадените завршни зборови, судот донесе пресуда дека сите четири обвинети се огласуват за виновни и се осудуват на Условна казна кои во наредните три години нема да можат да сторат ново кривично дело слично на оваа.
Одбраната се упатува на граѓански спор за оштетно побарување” информираше адвокатот Шенај Османов.