Граѓаните на 8 мај на парламентарните и претседателските избори ја дадоа својата „пресуда“ како треба да продолжи државата во наредните четири години. Додека мислиме дека многу проблеми можат да се решат преку избори, сега земјата може да влезе во уште еден лавиринт на постизборна комбинаторики, почнувајќи од формирањето на влада, уставни измени, спроведувањето на Договорот од Преспа, како и многу други прашања кои се фундаментални за државата.
Ден по објавувањето на првите изборни резултати од страна ДИК, Собранието на Северна Македонија ќе изгледа вака –
Kоалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, на парламентарните избори обезбеди 58 мандати, , Коалиција “ЕВРОПСКИ ФРОНТ’’ - ДУИ
19 мандати, КОАЛИЦИЈА ЗА ЕВРОПСКА ИДНИНА - СДСМ - 18 мандати, КОАЛИЦИЈА ВЛЕН - 13 мандати. Политичка Партија ЛЕВИЦА - 6 мандати и Движење ЗНАМ - За Наша Македонија - 6 мандати. И веднаш се започнати со постизборни комбинаторики.
Скоро е веројатно дека и овој состав на Влада ќе биде без Ромски преставници или „Веќе видено„.
Но според ВМРО ДПМНЕ и претходно најави дека нема намера да каоалицира со ДУИ како дел од албанскиот блок. Но без ДУИ по 20 години власт штоо треба да се очекува? Стабилизација или дестабилизација? Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисијата
на Канал 5 рече дека пред да коалицираме со други партии треба да консолидираме 61 пратеничко место. Тој нагласи дека е подготвен за секакви сценарија од страна на ДУИ, по пораката на Али Ахмети дека треба да ги почитува резултатите од изборите за да има мир и стабилност во земјата.На 8 мај, политичката сцена доби нова димензија во земјата, со убедливата победа на опозициските партии на парламентарните избори. Оваа победа исплива на виделина недовербата на голем дел од гласачкото тело кон се што се случило овие години. Сега, со новиот политички мандат, очекувањата се високи за промени во пристапот кон многу теми. На што се должи ова, тоа е прашање за милион долари.