Во Македонија ќе се случат коренити политички промени откако коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ му нанесе тежок пораз на СДСМ на вчерашните парламентарни избори и потоа објави дека нема да прави влада со ДУИ.
Во новиот состав на Собранието влегуваат четири коалиции и две партии кои на изборите настапија самостојно.
- Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ освои 43,23% гласови и 58 пратенички места.
- Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ доби 15,36% гласови и 18 мандати.
- Коалицијата „Европски фронт’ на чело со ДУИ освои 13,78% гласови и ќе има 19 пратеници.
- Коалицијата „ВЛЕН“ има 10,72% гласови и 13 пратеници.
- Левица доби поддршка од 6,75% избирачи и ќе има шест пратеници.
- Движењето ЗНАМ освои 5,57% гласови и шест мандати во Собранието.
Ниедна друга партија не го надмина прагот од 1% гласови.