Шуто Оризари почна да се развива по катастрофалниот земјотрес од 1963 г. По обновата на Скопје и неговата околина на местото на денешниот населбата започнува да се населува претежно ромското население. Денеска Шуто Оризари е едно од 10—те скопски општини.
Со постепено обликување на населбата,општината Шуто Оризари почнува да добива изглед на урбанизирано приградско соседството . Со тек на време Шуто Оризари се здобива со свои административни и културни институции.
Во 1996 година Шуто Оризари заедно со двете села околу него — Горно и Долно Оризари, формираат самостојна административна единица — општината Шуто Оризари.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. населението на Шуто Оризари се состоело од 84 Македонци христијани.
На етничката карта од 1927 . Леонард Шулце Јена го укажува Оризаре (Orizare) како село со нејасен ентички состав.
На етничката карта на Северозападна Македонија од 1929 г. Афанасиј Селишчев го обележал Оризари како македонско село.
Генералната слика за населението во општина Шуто Оризари, според пописот на населението, домаќинствата и становите во Р.С.М. брои нешто повеќе од 23.000 жители (според неофицијални податоци околу 35.000 жители). Според податоците, околу 70 % од вкупното население во општината е од ромска етничка припадност.
Инаку актуелен градоначалник на општината во свој втор мандат е Курто Дудуш Куцо.