Социјала

Ниш: Ромската населба „12 Фебруар„ две недели без струја!

Нишката населба „12 Фебруар„ постои уште од 1948 година. Некогаш тука живееа 10-тина семејства, а денска се 18 семејства со околу 100 членови во домаќинствата. Таму живеат од ромска националност и 40% од нив се деца, 20% се стари и болни.

 

Ниту еден од тие луѓе немаат редовно вработување, и живеат од собирање на секундарни суровини и социјална помош.

 

Пред две недели во оваа населба прекинато е електроснабдувањето, поради дефект на инсталациите, и со доаѓање на интервентната екипа, дефектот не е поправен поради долгот на луѓето од ова место, и немаат основа за повторен приклучок!

 

Преставниците од оваа населба во меѓувреме имаа средба и разговор со градоначалникот на градот Ниш кој е подготвен да помогне во решавање на овој проблем, и е закажан состанок со еден од директорите на Елекстростопнаството на Србија.

 

За жал состанокот не завршил со позитивен исход. Гражаните како прв вид на незадоволство најавија медиумско обраќање и доколку и тоа не донесе некој позитивен исход најавуваат протести  и радикални чекори, најавуваат жителите од оваа населба.

 

Link: http://rominfomedia.rs/nis-naselje-12-februar-bez-struje-vec-dve-nedelje/

Познатиот новосадски стилист и диџеј Срѓан Швељо, обвинет за педофилија. Пипкал и сликал сиромашни ромски тинејџери

Познатиот стилист и диџеј од Нови Сад Срѓан Швељо (52) познат по прекаро „Фанатик„ е уапсен поради сомнеж дека сексуално вознемирувал најмалку 20-тина деца повеќето од социално загрозени семејства од ромска националност, а неколку од нив пријавиле дека ги пипкал по голото тело!

 

Швељо е следен од моментот кога на мобилниот телефон на еден познат моден креатор  обвинет за педофилија пронајдена е комуникација со него . каде двајцата се фалеа со нивните „трофеи„, велат изворите од истрагата.

 

Јавноста е шокирана од информацијата дека своите жртви ги пронаоѓал во т.н. „Картон сити„ ромско маало во Нови Сад.  Се сомневаат дека тој ги наговарал децата да му бидат модели за експлицитни фотограгии и затоа и ги плаќал.

 

- Швељо е осомничен дека децата ги сликал голи и снимал проно фотографии. Полицијата во неговиот стан пронајде фотографии за кој се сомневаат дека ги снимал за порнографски сајтови. Засега на осмоничениот му е дореден притвор од 48 часа. Каде потоа ќе биде сослушан од јавен обвинител –велат од новосадското МВР.

 

- Повеќето од децата се од ромска националност и се од новосадската ромска населба Велики Рит. Намерно ги одбирал социјално загрозените, кому парите им значат многу. Тој ги злоупотребувал и лесно ги наговарал да се сликаат голи.

 

Link: https://www.alo.rs/vesti/hronika/pedofil-novi-sad-srdjan-sveljo-prostitutke/284352/vest

Истражување за Финансиската и нефинанасиска поддршка на граѓанските организации од страна на локалните власти во Република Северна Македонија.

Во рамките на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“, Здружението на финансиски работници од локалната самоуправа и јавните претпријатија (ЗФР), во соработка со Европската асоцијација за локална демократија (АЛДА) – Скопје и Европското движење подготви истражување за финансиската и нефинанасиска поддршка на граѓанските организации од страна на локалните власти во Република Северна Македонија.

 

Најзначајните наоди од истражувањето се:

 

93% од општините доделуваат средства на граѓански организации;

80% од општините сметаат дека проектите што се реализираат од страна на граѓанските организации обезбедуваат пошироки користи за граѓаните и општеството;

70% од општините имаат практика да соработуваат со граѓанските организации во делот на реализација и имплементација на проектите;

67% од општините ги немаат утврдено приоритетните области за доделување средства на граѓанските организации;

56% од општините објавуваат јавни повици за доделување финансиски средства на граѓанските организации. а објавувањето најчесто се врши преку интернет-страницата на општината, локалните интернет-портали и локалните телевизиски и радиостаници;

50% од општините немаат посебен сектор за соработка со граѓанските организации и најчесто имаат задолжено лице за соработка кое припаѓа на некој друг сектор (локален економски развој, правен сектор, сектор за јавни дејности и други сектори);

40% од општините промовираат соработка со граѓанските организации преку обезбедување нефинансиска поддршка.

80% од општините бараат од граѓанските организации да поднесат извештај за проектите кои биле финансиски поддржани од општината;

Мајката на исчезнатата Емилија Фејзиќ и потврди на полицијата дека ќерќа и се омажи и со момчето е во Германија

Исчезнувањето на средношколката Емилија Фејзиќ од Сурдулица кој беше пријавен пред повеќе од 2 месеци полицијата до скоро водеше интензивна потрага.

 

Поради мистериозниот начин на исчезнување, најблиските се плашеа од најстрашното, но според првите информации од РОМинфомедија, таа всушност се омажила и со момчето се побегнати во Германија кај негови роднини.

 

– Ема е добро, и ја пронајдовме. Тоа што можеме да кажеме дека таа добороволно со некое момче ја поминала границата и заминаа за Германија. Битно дека се е во ред со неа. Информацијата ја потврдија и од полицијата од Врање.

 

Според информациите момчето е родум од Чуприја, која била во автомобилот за време кога ја поминале границата во Хоргош.

 

Link: http://rominfomedia.rs/majka-nestale-emilije-eme-fejzic-potvrdila-policiji-da-se-njena-cerka-udala-i-pobegla-sa-mladicem-u-nemacku/

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 96 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот