Социјала

Силас Кропф: Поради „Ромските стереотипи„ јас ги криев мојот идентитет

Еден од оние кои прифатија да ја споделат својата приказна за германскиот весник

Spiegel е и Силас Кропф. Се до своите тинејџерски години тој во себе го чуваше фактот дека е Синти, затоа што има врска со тоа дека неговото семејство бише на прогон за време на нацистичката ера.

 

Дедо ми беше под страв дека таквото нешто можеби ќе се повтори , и затоа нашата култура не ја покажувавме отворено на надворешниот свет , и зборувавме само германски, а не и ромски. Моето семејство претрпе големи трауми за време на нацистите.

 

Мојата прабаба исто така беѓе Синти и имаше повеќе браќа и сестри чии семејства беа депортирани во конц логорите. Само неколкумина се вратија - другите беа убиени.

 

За време на школувањето својот идентитет како Синти, Силас го држеше во тајност. Како причина тој ја наведува колективната недоверба  во државните институции на Германија , за кој верува дека имаа големи предрасуди кон Ромите и Синтите.

Меѓутоа и по завршеното образование Силас имаше причини својата национална припадност  да не ја открива.

 

„Кога излегував со своето друштво , тие во енкои моменти се забораваа дека сум Синти, и ме изложуваа на неумесни шеги. Неможам да го кажам точниот број  на ситуации каде ми велеа „Не нее вистина дека си Синти, ти неможеш да бидеш Синти, воопшто не изгледаш како нив. Како и мнозинството на Роми кој сакаат да се интегрираат во општеството , бев „сведок„ на многу грди шеги како што е „Види ги Циганите„ за луѓе кои изгледаа многу сиромашно„ вели Силас

 

Link: http://www.portal-udar.net/silas-kropf-zbog-ciganskog-stereotipa-sam-skrivao-svoj-identitet/

Ромите во Бразил

Ромите во Бразил од Бразилците се изговараат како „Цигано„ (изговор: Португалски [siˈɡɐ̃nus]), или алтернативно по поими како што се кале, кали, калони, буемиос, јудеј (во Минас Гераис) и квико (во Минас Гераис и Сао Паоло), со различни степени на точност на употреба и етимологија, како и јазичен престиж.

 

Како што имплицира некои од нивните најчести локални имиња, повеќето бразилски Роми припаѓаат на групата Иберско Кале (Калос), како нивните колеги Лузофон португалски Роми и шпанскиот ромски народ, познат како гитанос. Во извештајот на владата од 2012 година се вели дека тие пристигнале во Бразил во втората половина на 16 век, откако биле протерани од Португалија.

 

Тие беа осудени со затворски казни во Португалија, и беа прогонети наместо тоа, и на крајот беа испратени во Бразил (некои за прв пат беа испратени во Африка). Во извештајот се наведува и дека повеќето Роми во Бразил денес „живеат од трговија. Едно време, тие тргуваа со коњи, но сега, се занимаваат со препродажба на стари автомобили и друга стока.

 

Податоците за попис од 2010 година укажуваат дека тие се околу 800.000 Ромии, или 0,4% од популацијата на Бразил. Многумина сè уште го зборуваат ромскиот јазик.

 

Првиот бразилски претседател (1956–1961) со директно ромско потекло од не-Португалија беше Јуселино Кубитчек, 50% чешки Ром според неговата мајка. Неговиот мандат беше обележан со економски просперитет и политичка стабилност, најпознат по изградбата на новиот главен град на Бразил, Бразилија.

 

Како и да е, Бразил веќе имаше претседател на потекло од португалското Кале пред мандатот на Јуселино, Вашингтон Луис, кој беше правник по професија, стана политичар во кариера, а подоцна се фокусираше на историските студии во Бразил.

Унгарија: Ромите умираат , затоа што првата помош одбива да влезе во населбата, без полицијска придружба

Градоначалинкот на  местото Сенетјеа - Csenyétea, мало село во Унгарија. Иштван Кис István Kiss, вели дека Ромка почина минатата седмица , затоа што возачот на брза помош одби да влезе во ромското село без полицијска придружба.

Кис оваа постапка ја осудил како дискриминаторска , и преку медиумите порача дека ќе подигне законска постапка. Уште поголема контраверзност е дека медиумските кучи кои се симпатизери на десницата, ја искористија оваа трагедија како доказ дека сепак во Унгарија има места кои треба да се избегнуваат.

 

Началникот Кис преку видео на Фејсбук соопшти дека во попладневните часови беше информиран дека еден од селаните се онесвестил и дека нема пулс. Според неговите зборови, тој реагирал најбрзо каде својот сосед го пренесол до комбето за брза помош кои се наоѓал на самиот влез на селото, каде возачот не сакал да влезе во селото без полициска придружба. За жал животот на ова лице неможеше да се спаси.

 

Во контрадикторно соопштение на Националната служба на брзата помош, се вели дека е потребно полициско обезбедување , затоа што брзата помош примила заканувачки и насилни телефонски повици. Во изјавата за информативниот број 444 , службата ги отфрла тврдењата за дискриминација , затоа што како што велат „основна вредност на спасителот е рамноправност, и нашата задача е да дадеме најдобрата можна помош и услуга на сите на кој им е потребна„

 

Началникот сепак е уверен дека станува збор за дискриминација , затоа што вели, наредбата на власта им налага на службениците да не одат во ромските куќи без полициска придружба.

 

„Ова нема да го заборавиме , ќе ја бараме правдата преку Судот. Ова не е вина на луѓето од брза помош, дадени им се инструкции дека не смеат да доаѓаат во ромски населби без полициска придружба„истакна Кис.

Од ЕРРЦ (Еверопскиот центар за правата на Ромите), се дознава за дадената изјава на еден од педијатрите од градот Арло кој вели:

„Кога повикуваат брза помош, звучат многу арогатно. Искрено не сакам да зборувам со нив. Повикуваат медицинска кола без причина. Некој кашла дома, а тие не сакаат да одат на лекар затоа што имаат пет деца дома. Нима полесно им е да повикаат лекар да дојде дома кај нив.”

Некои лекари на прашања од ЕРРЦ отворено изјавија дека познаваат свои колеги од брзата помош кои често не реагираат на повиците од Ромите , со претпоставка дека не се работи за итни случаи.

 

Сите околности укажуваат на пошироко регионално прашање за ускратување на брзата медицинска помош на Ромите во одвоените населби , додека началникот од ова село го потврди , дека ова не е прв инцидент од овој тип. Пред неполна година , петгодишно ромско дете почина под слични околности.

 

Link: http://www.errc.org/news/romani-man-dies-while-paramedics-stall-at-the-outskirts-of-the-poorest-village-in-hungary

Демолирана канцеларијата и украден целиот канцелариски инвентар на ЦРРЗ „Баирска светлина“

Центарот за развој на ромската заедница (ЦРРЗ) „Баирска Светлина“ искажува длабока загриженост за безбедносната состојба, особено во населбата Баир поради последното случување во просториите на здружението и Месната заедница „Димитар Влахов“ кое беше мета на крадци и хулигани. Во текот на новогодишните празници во период од 01.01.2020 до 06.01.2020 година беше демолирана канцеларијата и украден целиот канцелариски инвентар.

 

„Овој не е прв случај и обид, за што претходно во неколку наврати беа кршени прозорци и врати, а на ѕидовите беа испишувани недолични графити. Ваквите аберативни однесувања за жал не беа казнувани од страна на недлежните институции, а загрижува фактот што само се евидентират а не се преземат мерки по однос на ваквите случаи.

 

Сепак, за случајот во Министерството за внатрешни работи – Битола има пријава и постапено е од страна на полициски службеници, согласно надлежностите со што беше пополнат Записник и постапката е во тек.  

 

Во тој контекст, бараме од институциите надлежни за одржување на граѓанскот ред и јавната безбедност соодветно и навремено да преземат чекори за сузбивање на криминалните и аберативни случаи и воспоставување нормален и мирен тек на работите, како навремено и одговорно да се преземат чекори за контрола и воспоставување јавна сигурност и безбедност потребна за непречено функционирање на здружението и месната заедница во Баир, Битола“, реагира во писмена реакција Ремзи Медик, претседател на Баирска Светлина.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 221 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот