Социјала

ЗРДИЦМ реагира: Сирхан Усеин е типичен пример на дискриминација!

Поповод немилиот настан кој се случи на 09.02.2020 околу 10:45 во автобусот на ЈСП, на кој студентот од ромска националност Сирхан Усеин, беше изложен на недолично и несоодветно однесување од страна на  вработени во ЈСП (контролори), ЗРДИЦМ реагира на целвкупниот настан.

 

Настанот е опишан на самиот ФБ прифил на Сирхан Усеин, кој детално ја опиша целата сотуација.

Врз база на таа изјава и самиот Усеин даде изјава на полициските службеници.

Поради тоа што е настан за која се заинтересира и јавноста и ЗРДИЦМ е на мислење дека ова општество заслужува подеднаква шанса за сите без никакви изживувања од насилниците, потиснувања, закани и дискриминација.

 

Секое недолично однесување, навреда или закана заслужува и соодветна реакција до сите инстанци и институции во државата, барајќи корекција на насилството, говорот на омраза и дискриминацијата по било кој основ.

 

Затоа и ЗРДИЦМ бара соодветна постапка и заштита на студентот на правен факултет Сирхан Усеин и истовремено го повикуваме, Јавното сообраќајно претпријатие –ЈСП, во име на насилниците – јавно да се оградат и извинат за недоличното однесување на нивните вработени лица и да превземат одговорност и мерки за корекција за истото да не се повтори.

 

Истовремено јавно ги повикува надлежните лица од Министерството за внатрешни работи, Комисијата за заштита од дискриминацја, Народен правобранител и Јавното сообраќајно претпријатие  да ги превземат потребните мерки и целосно да го расчистат случајот.

 

Инаку сп слична реакција и осуда на целовкупниот настан испратени се и од други повеќе ромски невладини ромски организации и здруженија како што се „Кхам сијан„ и „Ромаверситас„ и др.

Жестока реакција поповод говорот на омраза на ФБ!

Деновиве буквално ФБ „експлодираше„. Причината беше едноставна, и тоа пради објавен пост - виц, кој со тоа навреди и омаловажи една цела заедница – Ромската.

 

Извесен Златко Бојаџиев на својот ФБ профил , едитираше објава виц во кој буквално ја навреди целата ромска заедница.

 

И веднаш очекувано како реакција започнаа коментари и негативни критики кон објавувачот.

 

Во коментарите освен навредливи имаше и вулгарни конотации, како и закани за преставки и пријавување за недоличната содржина на самиот виц.

 

За среќа целата еуфорија траеше од неколку часа, која веднаш потоа и самиот автор на недоличната објава, по се изгледа ја разбра критиката и веднаш го избриша недоличниот пост –виц.

 

Ова нека преставува поука дека сепак секоја форма на навреда и говор на омраза може да биде строго санкционирана , и може да има несогледиви последици.

ЗРДИЦМ ги додели првите сертификати за „Педагошки помошници за ученици од основното образование„

На 7 фебруари 2020 година во О.У. Св Климент Охридски во општината Бутел, на пригоден начин на посетителите на три месечната обука во рамите на проектот кој го реализира Здружението Ромски Деловен Информативен Центар Македонија ЗРДИЦМ - им беа поделени и првите сертификати за стекнатото знаење, вештина, компетенции - „Педагошки помошници за ученици од основното образование„

Инаку обуката започна од 1 ноември 2019 и заврши на 31 јануари 2020, каде самите посетители пред да се стекнат со сертификатото имаа и полагање за истиот.

Тие за време на обуката се стекнаа со знаење за подучување на ученици од основното образование. Задача им е да ги оспособуваат учениците за индивидуална работа како и работа во тим.

Исто така педагошките помошници се стекнаа со знаење за мотивација на учениците во проширување на своите знаења и слични вештини.

Сега со стекнатиот сертификат самите иматели ќе бидат на некој начин активно приклучени во дел од наставниот план  и ќе бидат од корист на наставниот кадар од основните училишта во скопските општини Чаир, Бутел, Гази Баба, Карпош и Ѓорче Петров се до крајот на оваа учебна година.

Инаку сертификатите им беа доделени од страна на претседателот на ЗРДИЦМ Зоран Димов.

Три недели без струја! Ромите од нишката населба „12 Фебруари„ протестираа!

Околу стотина жители од нишката населба „12 Фебруари„ излегоа на улица на протести носејќи транспаренти и го стопираа сообраќајот односно регионалниот пат Е 771 , негодувајќи поради исклучената електрична енергија.

 

На лице место интервенираше и нишката полиција кој протестантите ги помести од овој регионален пат. Преставниците од оваа населба, по направениот разговор  со полицијата го прекинаа протестот поради непријавување на собирот.

 

Во населбата живеат околу 100 семејства и испораката на електрична енергија е прекината од пред две недели, поради наводно „дефект на инсталацијата„

Екипата на електродистрибуција излезе на терен, но не интервенираше поради огромен долг и нема основа за повторен приклучок.

 

Во меѓувреме Ромите од оваа населба имаа средба и со градоначалникот на Ниш, Дарко Булатовиќ и со директорот на ЕПС, но немаше постигнат договор.

 

Граѓаните најавија нови протести и инсистираат на средба со локалната самоуправа и преставници на Електродистрибуција, , а истовремено очекуваат подршка од ромските активсти во решавање на овој проблем.

 

Link: http://rominfomedia.rs/tri-nedelje-bez-struje-romi-iz-niskog-naselja-12-februar-protestvovali-zbog-iskljucenja-struje/

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 120 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот