Нема нови закажувања за пасоши до надминување на проблемот

Системот за закажување термин за патна исправа ќе биде ставен надвор од функција до изнаоѓање на решение за надминување на проблемот со недостаток на обрасци за овие лични документи.


Ова го истакна техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев кој потенцираше дека се врши истрага во МВР за да се лоцира одговорноста за овој проблем.
-Проблемот со личните документи, лични карти и возачки дозволи е надминат. Но патните исправи проблемот останува и истиот е резултат на лошо планирање, пропусти и доцни нарачки.

 

Тој посочи дека до овој момент поднесени се 16.500 барања на патни исправи по редовна постапка, а МВР на располагање има уште 3.600 обрасци. Барањата поднесени по итна постапка кои се околу 650 ќе бидат процесирани.


Чулев нагласи дека до надминување на овој проблем нема да има аплицирање за патни исправи ниту по редовна, ниту по итна постапка.


Министерот истакна и дека на владина седница повторно ќе се отвори ова прашање со цел што поскоро надминување на проблемот.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 396 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот