Како до работа во Германија од 1 март 2020 ?

Илјадници работници со нетрпение чекаат да дојде 1 март. Од 1 март во Германија стапуваат на сила новите правила за доселување на квалификувана работна сила.

 

Добрата вест во новиот закон е укинувањето на критериумот според кој една компанија мора прво да се обиде да најде лице во Германија или во Европската унија, а дури потоа да вработи кандидат надвор од ЕУ.

 

Голема новина е тоа што кандидатите со квалификувано стручно образование доколку имаат соодветно познавање на германскиот јазик и доколку имаат гаранција за издржување, ќе можат да дојдат во Германија на шест месеци за да бараат работа.

 

Моментално во Германија има околу 1.4 милиони слободни работни места. Најдефицитарни кадри се здравствените работници, лекарите, физиотерапевтите, медицинските сестри, ИТ професионалците, инженерите и занаетчиите во градежната индустрија, а потоа следат експертите за авијација, мехатроника, електротехника, енергетска технологија и многу други.

 

За лицата постари од 45 години треба да се достави и договор за работа со одредена минимална заработка или доказ за гарантирани финансиски средства за издржување.

 

Лицата на возраст до 25 години со завршено средно образование ќе можат да престојуваат во Германија максимум шест месеци за да можат да конкурираат за место за натамошно стручно усовршување.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 496 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот