Социјала

Ќе се зголеми социјалната помош за 10 отсто?

Министерот за социјална политика, Лимани најави зголемен надомест за социјална заштита односно зголемување на гарантирана минимална помош за 10%.

Лимани на вчерашниот владин настан најави раст и на посебниот додаток за 30%, на паричната помош за квадриплегија за 50% , за потполно глуви лица за 20%, на правото на надоместок на плата за скратено работно време за родители поради нега на дете или лице со телесна и ментална попреченост и најтешки хронични заболувања за 30% и ново право на парична помош на лицата без горни екстремитети.

30 Ромски семејства од Кичево или околу 150 граѓани од ранлиива категорија добија социјални станови

30 ромски семејства или околу 150 лица кои престојуваа во населбата „Прилепска“ во Кичево добија социјални станови кои се изградија во населбата Ивани дол во Кичево. Становите се дизајнирани да бидат со површина од 45м2. Ромите кои претходно живееја во крајно нехумани услови покрај градската река велат дека се благодарни за новите домови.

Проектот е финансиран од ЕУ, а го реализираше Центарот за граѓанска иницијатива од Прилеп, со поддршка од општината Кичево и Министерството за труд и социјална политика.

Според Министерството за труд и социјална политика оваа пилот програма може да се реплицира и во  други општини.

Во Кичево  се одржа и завршна конференција на која беше презентиран проектот пред НВО и бизнис секторот и релевантни државни институции

Link:

На 21 годишниот Мухамед Максуд – Муки од Охрид му е потребна ИТНА помош!

Пред 2 години на Муки му беше дијагностицирана многу ретка болест на бубрезите - Focal Segmental Glomerulosclerosis (FSGS). 

Поради болеста двата бубрези му откажуваат, па потребно е да се направи трансплантација, а негов единствен донор е неговата самохрана мајка. За припремата и трансплантацијата во болницата Istanbul Florence Nightingale Hospital, Истанбул, Р. Турција потребни се 21.000€. Трошоците за лекувањето треба да бидат платени до 30.09.2024

Донирајте и помогнете му на Муки побрзо да се врати во факултетските предавални.

Трансакциска сметка за донација:

250019000552171

Шпаркасе банка

Кој колку време треба да работи во Европа за да купи половен автомобил – на Македонците и Србите околу 15 месеци, а на Финците нецели три месеци

Истражувањата покажаа дека способноста за купување автомобил значително се разликува од земја до земја.

Достапноста на автомобилите многу варира од земја до земја

Просечната плата во Македонија е над 600 евра, а според податоците превземени од веб-страницата во Македонија, Македонците трошат просечно 9.000 евра за користен автомобил. Тоа значи дека треба да работи околу 15 месеци, Србите издвојуваат над 15 месечни плати за користен автомобил. Финците можат да заработат автомобил за само 2,7 месеци работа, додека на Германците би им требале шест месеци, а на Швајцарците 6,1 месец. Во земјите во и околу Балканот, луѓето работат помалку за автомобил: Унгарците – 11,2 месеци, Хрватите – 11,7 месеци.

Сепак, треба да се има предвид дека оваа пресметка би значела дека клиентот нема да потроши ниту еден динар од својата плата за ништо друго, туку ќе заштеди се што ќе заработи за автомобилот.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 567 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот