30 ромски семејства или околу 150 лица кои престојуваа во населбата „Прилепска“ во Кичево добија социјални станови кои се изградија во населбата Ивани дол во Кичево. Становите се дизајнирани да бидат со површина од 45м2. Ромите кои претходно живееја во крајно нехумани услови покрај градската река велат дека се благодарни за новите домови.
Проектот е финансиран од ЕУ, а го реализираше Центарот за граѓанска иницијатива од Прилеп, со поддршка од општината Кичево и Министерството за труд и социјална политика.
Според Министерството за труд и социјална политика оваа пилот програма може да се реплицира и во други општини.
Во Кичево се одржа и завршна конференција на која беше презентиран проектот пред НВО и бизнис секторот и релевантни државни институции
Link: