Р.Северна Македонија: Во 1371 државна институција има 128.879 вработени од кои 1.584 или 1,44 % се Роми
Во четири министерства застапеноста на етничките Македонци изнесува 70% од вкупниот број на вработени. Во 7 ресори застапеноста на етничките Албанци е над 30%, пишува Порталб.мк.
Во новиот извештај од Регистарот на вработени во јавниот сектор во 2023 се нотира дека лани под државна капа работеле 128.879 лица во вкупно 1.371 институција.
Од вкупниот број на вработени во јавниот сектор лани, според етнички „клуч“, 70,5% биле Македонци, скоро 22,1% етнички Албанци, 2,6% Турци а останатите заедници, Роми, Срби, Бошњаци, Власи, биле застапени со помалку од 2%. Во јавниот сектор од 128.879 вработени каде 1.584 или 1,44 % се Роми
И во 2023 година во министерствата има големи разлики во застапеноста на етничките заедници. Новите годишни податоци покажуваат дека во 4 ресори застапеноста на етничките Македонци е над 70%: во Министерството за земјоделство скоро 73%, во Министерството за одбрана 74,7%, во Министерството за транспорт и врски од 71,3% и во Министерството за труд и социјална политика застапеност од 71%.
Од друга страна во Министерството за политички систем етничките Албанци се застапени со 84,71%. Зад овој ресор се Министерството за економија со 49,25% и Министерството за локална самоуправа со застапеност од 41,51%. Повеќе од 30% застапеност на етничките Албанци има во Министерството за животна средина 38%, Министерството за образование 37,8% и Министерството за правда 38,02%.