Социјала

Иницијативата на жени од Шуто Оризари прашува: Дали жените од Шуто Оризари повторно ќе останат без матичен гинеколог?

На 22.01.2020 година пред ординацијата на Д-р Вјолце Мбјара затекнавме известување дека ординацијата е преселена во друга општина, во населбата Сингелиќ. Ординацијата на Д-р Вјолце во Шуто Оризари моментално е затворена.

Го прашуваме министерот за здравство, г-динот Венко Филипче, дали има предвидено решение за овој горлив проблем? Дали е склучен нов договор со друг гинеколог кој што ќе работи во самата општина? Доколку нема, предупредуваме за несаканите последици врз репродуктивното здравје на жените Ромки. Исто така потсетуваме дека доенечката смртност кај ромската популација е значително повисока во однос на неромското население.

Ние, жените од Шуто Оризари, апелираме до надлежните институции - Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија да изнајдат решение со цел да се надмине овој долгогодишен проблем.
Како и сите жени, така и ние, жените Ромки, имаме право на еднаков и непречен пристап до услуги за репродуктивно здравје , се вели во реакцијата на Иницијатива на жени Шуто Оризари.

Документарниот филм LETY ќе се прикаже во главниот град на Чешка, по повод Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот

Во понеделник на 27 јануари во 18:00 часот ќе се прикаже документарниот филм „ЛЕТИ“ во БИО ОКО во Прага, по што ќе следи дискусија меѓу поканетите гости за поширокиот контекст на холокаустот на Ромите во Бохемија.

 

27 јануари беше прогласен за Меѓународен ден на сеќавање на холокаустот во 2005 година од страна на Обединетите нации за одбележување на милиони жртви на систематско убиство и прогон од страна на нацистичкиот режим на Третиот рајх.

 

„Сметаме дека е многу важно фактите за холокаустот и нејзините ромски жртви да станат подобро познати во јавноста, затоа што денес сме сведоци на ситуација во која овие информации се доведуваат во прашање.

 

Намерно одбравме да ја следиме проекцијата на документарецот со дискусија - овој филм го корегира записот во однос на некои шпекулации што се појавија за скандалот во логорот Лети и открива нов контекст во кој ќе се гледа, додека дебатата треба да понуди поширок одраз за тоа како се справува темата геноцид овде, на јавниот простор “, рече филмскиот продуцент Рената Берковиќ.

 

Link: http://www.romea.cz/en/news/czech/documentary-film-lety-to-screen-in-czech-capital-on-the-occasion-of-international-holocaust-remembrance-day

Шок интервју со Надица Адемов: „Анастасија не може да ја надмине мајка и.Цеца е најголема ѕвезда!„

Надица Адемов е една од најбараните пеачки која највеќе работи во дијаспората и на ромски веселби.

Буквално тие свирки се напорни. Свадбите се најтешки. Настап по клубови може секој да работи.

Има примери каде газдата вади пиштол и ми вели:„Качи се на маса„. Јас му велам:„ Качи се ти. Не дојдов да се качувам по маси, туку да пеам„ Имаше мал милион непријатни работи„ вели Надица.

„Некаде ќе те пречекаат како кралица, а некаде мислат дека ме платиле и ќе работам тие шро ќе ми кажат„

Таа еднаш напомена дека доколку се омажи, нејзиниот животен сопатник нема да биде од естрадата, затоа што ги знам тие работи.

На прашањето дали Анастасија може да ја надмине мајка и Цеца, Надица рече: „Неможе никој да ја надмине Цеца. Анастасија навистина е добра, но Цеца е една и единствена„

Инаку на крајот Надица Адемов напоменува дека во оваа 2020 година  сака да седне и да си направи еден план и програма каде после девет години и истекнува договорот со Гранд Продукцијата и ќе се насочи кон настапи каде самата ќе биде свој шеф.

Ромите во Германија: Како да се излезе од улогата на жртва?

Предрасуди, напади, шиканирање, постојани закани за протерување од земјата - многу млади Роми и Синти во Германија живеат под голем психолошки притисок. Справувањето со тоа не е лесно.

 

Уште во основно училиште Ангела била напаѓана и физички и со псовки. „Имаше ученици кои погрдно ме нарекуваа 'циганка', ме тепаа, ми ги земаа парите и храната. Тоа многу ме погодуваше", се присетува 25 годишната Ромка на своите први училишни денови во Келн.

 

Слично искуство имал и Емануел кој одел во основно училиште во Романија. „Мајка ми секогаш ми ја переше облеката за да бидам чист. Но, ништо не помагаше. За останатите секогаш бев 'валкан'. Поради тоа никој не сакаше да седи до мене."

 

Ваквите понижувања продолжуваат и подоцна низ животот, на пример кога се бара работа или стан. Сето ова остава тешки последици врз нивното психичко здравје и самодовербата. „Многу млади го кријат својот идентитет поради дискриминацијата на која биле изложени“, вели Мерџан Јакупов, извршен директор на организацијата на Роми за млади Амаро дром (Наш пат) од Берлин.

 

Ова е една од најважните теми со кои се занимава организацијата. „Тие мора да сфатат зошто сето тоа се случува за да може да се справат со истото и да го надминат."

 

Link: https://www.dw.com/mk/%D1%80%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%B2%D0%BE-

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 132 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот