Социјала

Бугарската ВМРО- БНД повторно повикува на усвојување на „Концепције за интеграција на Ромите“

Бугарската партија  ВМРО-БНД повторно повика на усвојување на „Концепција за интеграција на Ромите “, после уште една трагедија предизвикана од лице од ромската заедница.

 

Трагедијата се случи во селото Галиче кога еден 18 годишен жител од тоа село од ромската заедница ја силувал и пота ја убил една жителка од ова село.

 

Бугарскиот премиер Бојко Борисов наложи да се промени членот кој подразбира помала казна за малолетно лице.

 

„Неопходни е да се постапи така што малолетникот кој силува или убива да не се надева на гаранција дека ќе има налаување на казната„ изјави бугарскиот Парламент.

 

Минатат година министерот за одбрана на Бугарија и лидер на националистичката партија ВМРО-БНД Красимир Каракачанов внесе детал за концепција за промена на политиките за интеграција на ромската етничка група , која подоцна беше попозната како „Концепција за интеграција на Ромите“.

 

Документот подразбира укинување на гетата, мерки за спречување на криминалот, редовна вакцинација на Ромите и помош во пронаоѓање на работа. Како една од мерките во областа на здравството, партијата предложи и воведување контрола на раѓање: доброволно ограничување на раѓањето меѓу жените од маргинализираните средини, кој веќе имаат деца, вклучувајки и прекин на бременоста на сметка на државата

 

Link: https://rs.sputniknews.com/regioni/202001211121578216-bugarska-stranka-ponovo-poziva-na-usvajanje-koncepcije-o-integraciji-roma/

Расистички предлог на романски градоначалник Дан Флореа

Луѓето без фиксна работа и фиксен приход кои немаат завршено образование мора да бидат забранети со закон да раѓаат деца.

 

Овие предлози беа сериозно формулирани од градоначалникот на романскиот град Тргу Мурес, Дан Флореа. Неговите ставови објавени на Фејсбук предизвикаа наплив на одобрување коментари, но и негативни реакции.

 

Јасно беше дека контроверзниот потег на Флореа се насочи кон ромското малцинство за кое националистите со години велат дека е демографска закана.

 

Бројни луѓе протестираа против овој потег на градоначалникот Флореа минатиот петок во Тргу Мурес, кој го следеше повикот на ромската организација Платформа Аресел. Тие побараа оставка од Флореа, чии предлози ги опишаа како расистички и милантропски.

 

Ко-основачот и претседател на организацијата за граѓански права Лига Про Еуропа, Смаранда Еначе, која учествуваше на протестот против градоначалникот минатиот петок, ги опиша изјавите на Флореа како „агресивни“ и „кршење на човековите права загарантирани во уставот на Романија“.

 

Инаку исто така се потсети на неговиот обид да именува улица во Тргу Муреш во 2004 година по воено-фашистичкиот диктатор и сојузник на Хитлер, Јон Антонеску . Режимот на Антонескус е одговорен за убиството на над 380.000 Евреи и над 11.000 Роми. Преименувањето на улицата беше запрено по протестите и правните постапки.

 

Link: https://taz.de/Rassismus-in-Rumaenien/!5655801/

Малата новосаѓанка Натали напишала емотивен состав за пријателството меѓу неа и Ромката Семина и добила прва награда

Осумгодишната Натали Мириманов од Нови Сад го освои првото место на конкурсот за литература од Институтот за јавно здравство на Војводина на темата: „ Добри кон себе, добри кон другите„. Таа пишуваше за пријателството помеѓу неа и една Ромка која секојдневно беше под насилство.

 

Ова е нејзиниот текст од наградената објава: 

Семина е малку покрупно девојче , со малку потемен тен, и имаше темна коса како ноќ., малку подоебели кафеави веѓи и често искинати чевли.

Семина беше Ромка која често ја исмејуваа: Никола, Лав, Алексеј, Срѓан, Душан, Анастасија и Нера.

Тоа се случуваше на малиот и големиот одмор додека наставничката не беше тука.

 

Сите и зборуваа исти зборови и често и ги повторуваа. И вела :„Ти си валкана ѓубретарка„

Душан еднаш ја турна кон радијаторот. Тогаш за прв пат ја видов дека плаче. Ниту еден не му рече на Душан дека погрешил, никој сем јас.

 

„Душан тоа воопшто не беше убаво што го направи! Зошто ја турна на радијаторот?„

Душан само рече:„ Затоа што тоа го заслужи , дека е Циганка„.

Мене секогаш ми велеа: „ Немој да ја земаш ужинката на Семина, затоа што нејзината ужинка е од отпад„ секогаш кога ќе посакав да ја поделам ужинката со неа.

 

Кога ја запрашав Семина: „ Еј што сакаш да ти купам за роденден?„ Нера ме повлече и ми рече: „ Немој ништо да и купуваш за роденденот таа тоа ќе го уништи„

Семина и јас се чувствувавме многу непријатно.

 

Ниту еден од оние кој ги набројав не сакаа да се дружат со Семина затоа што беше Ромка.

Кога си Ром , тоа ним им значи дека седиш на клупа, питачиш, тоа за нив им значи дека тие се валкани но мене не ми се. Сега многу ми е жал за Семина, затоа што таа си замина за Германија, и дека можеби никогаш повеќе нема да се видиме.

Мојата порака  е дека не смееме никогаш да им се смееме на Ромите затоа што се еднакви како сите ние.

 

*во однос на оргиналниот текст кој беше напишан од Натали, изменети се само имињата на децата.

 

Link: https://luftika.rs/devojcica-sastav-o-romkinji/?fbclid=IwAR3TdREGZCwm9yjPeBYthcjwzIzukW6YO6wvIyioWrmr5vg1XCx6ae-xulk

Преку проект за здрава животна средина ќе се менуваат навиките на жителите од Средорек, Бавчи и Бараки

Еколошки акции  и еко патроли се спроведуваат во трите ромските населби: Средорек, Бавчи и Бараки во Општина Куманово, со цел да се подигне свеста кај населeнието за одржување на чиста животна средина и да се подобрат условите за живот.

 

Овие активности се дел од проекот „Чиста околина - здрава животна средина“ на Центарот за ромска заедница ДРОМ - Куманово, кој се спроведува во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан – ReLOaD, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). 

 

Проектот треба да помогнеме да се сменат животните навики на граѓаните и да се подигне свеста за одржување на чиста животна средина. 

 

На  терен веќе патролираат четири лица, кои имаат обврска да внимаваат на загадувачите на животната средина.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 228 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот