Мотивот на нападот во Ханау е ксенофобија и дека 43-годишниот напаѓач Тобијас Р. и неговата мајка биле пронајдени мртви со прострелни рани во неговиот дом, изјави министерот за внатрешни работи на сојузната држава Хесен Питер Беут.
Во Ханау, град источно од Франкфурт, осум лица загинаа вчеравечер кога напаѓачот извршил два вооружени напади во барови каде се пуши наргиле .
Еден од повредените починал во болница , со што крвавниот биланс изнесува деветмина жртви. Меѓу убиените имало најмногу Турци и Курди.
Тобиас Р. остави зад себе манифест од 24 страници и неколку видеа во кои го опишува неговиот живот. Делови од манифестот ги објавија германските медиуми, покажувајќи дека напаѓачот бил екстремен десничар кој имал психолошки проблеми.
Ги мразел сите мигранти, без оглед од каде потекнуваат.
"Ако сакате да го решите проблемот со странските криминалци, не треба да ги напаѓате надворешните непријатели, туку да ги победите внатрешните . И тоа може да биде вашиот народ", се вели во манифестот, додавајќи: "Не секој што има германски пасош денес е чистокрвен, треба да се елиминира половина од населението".
Покрај тоа, Тобиас Р. бил параноичен и убеден дека бил следен од „специјална тајна служба“ уште од дете.
Во манифестот се вели дека тоа му станало јасно на 11 септември 2001 година, денот кога бил нападнат СТЦ. Тој исто така тврди дека Доналд Трамп и Јурген Клоп, фудбалски тренер, му ги украле идеите.