Antigypsyism

Ромски филмаџии му порачаа на Дизни: Сакаме вистински Роми во римејкот во живо на The Hunchback of Notre Dame, вклучи Роми во креативниот тим!

„Ние не сме митски суштества! Ние сме Роми!

Тоа беше мотото што неодамна го користеа ромските активисти и филмаџии повикувајќи ја компанијата Волт Дизни да ги уфрли актери со ромски корени во планираниот римејк во живо на нивната анимирана верзија на „The Hunchback of Notre Dame“ од 1996 година. Според Роберт Поупатко, сценарист и член на Tuke.TV, кој ја иницираше акцијата, предизвикот се роди од фрустрација од долгорочната природа на недоволните, стереотипни портрети на Ромите во филмот и медиумите. На повикот му се придружија британската режисерка Лиза Смит, сценаристот Демијан Ле Бас, продуцентот Алика Зигмунд Херакова од Tuke.TV и други. „Прочитав статија во која се известува дека Џош Гад, кој е и продуцент на оваа верзија во живо, ќе го игра Квазимодо. Не ми беше мило кога ја слушнав таа вест. Во верзијата на Дизни на оваа приказна, Квазимодо е Ром, затоа Ром треба да го глуми“, изјави Поупатко за информативниот сервер Romea.cz.

„Бев фрустриран од тоа како филмовите и сериите постојано не прикажуваат. Потоа [Томаш Магнусек] го сними четвртиот филм од серијата „Копилиња“ (Bastardi) и го изгубив трпението. Знаев дека е важно да се објави овој повик на јавен простор, без разлика на се“, рече сценаристот и член на Tuke.TV.

Поупатко во интервју за Romea.cz објасни дека главната цел на повикот е да се постигнат автентични прикази на ромските ликови во играните филмови. Тој ја истакна важноста од вклучување на Ромите не само пред камерите, туку и во креативниот тим и како консултанти.

Тој, исто така, го критикуваше фактот дека ромските корени на познатите ликови од универзумот на Марвел, како што се д-р Доум и Ванда Максимоф, се игнорираат [Студиото Марвел е една од шесте продукциски куќи кои го сочинуваат студиото Волт Дизни]. „Дизни редовно не игнорира. Најпознати [примери на ромска култура кои се игнорираат во Марвел] се Ванда Максимоф и Д-р. Нивните моќи потекнуваат од нивното ромско потекло, од нивните корени“, рече Попатко.

Компанијата Волт Дизни во 2019 година објави дека снима акционен римејк во живо на класичниот анимиран филм на Дизни од 1996 година „The Hunchback of Notre Dame“, базиран на романот на Виктор Иго. Во тоа време, компанијата рече дека ќе биде мјузикл и дека Алан Менкен, кој ја компонираше музиката за оригиналниот анимиран филм, ќе компонира музика за акционата верзија во живо заедно со Стивен Шварц.

Сценариото го пишува Дејвид Хенри Хванг. Продуцент е актерот Џош Гад.

Во средината на 2023 година, според медиумите, работата на филмот престана и не е јасно дали тој некогаш ќе биде завршен. „Филмот засега е во неизвесност. Сепак, тоа не значи дека никогаш нема да биде направено. Џош Гад сè уште го промовира и вели дека проектот не е мртов. Сè што можеме да направиме е да чекаме“, изјави Попатко за Romea.cz.

Link: https://romea.cz/en/world/romani-filmmakers-tell-disney-we-want-real-romani-people-in-the-live-action-remake-of-the-hunchback-of-notre-dame-involve-romani-people-in-the-creative-team

Youtube:

 

 

 

Двојни стандарди кон Ромите во Бугарија, ако си успешен репрезент на државата тогаш не е битно на која националнсот припаѓаш, ако си криминалец тогаш си Ром!

Божидар Андреев  по националност Ром, на последните Олимписки игри во Париз, освои медал претставувајќи ја Бугарија како нејзин репрезентативец. Сите медиуми ја пренесоа таа спортска вест, алудирајќи дека тој успешно ја преставил својата држава, каде во ниту еден моемнт не се спомнува неговата националност, туку тој одеднаш е чистокрвен Бугарин.

Но во меѓувреме, еден Ром осомничен за кражба во локален супермаркет во Бугарија , тогаш локалните медиуми напоменуваат дека тој е циган (Миган, мангал). И види интересно,тој осомничен за таа кражба  не го поврзувааат тоа со бугарската нација.

Ова го  одразува пошироко општествено прашање на селективно признавање и системска пристрасност, каде ромската заедница е „прифатена“ како дел од националниот идентитет во моменти на успех, но инаку е маргинализирана и оставена кога станува збор за негативна конотација.

Сегрегација на децата Роми во Македонија!

Во соопштение до медиумите, Хелсиншкиот комитет за човекови права соопштува дека Основниот граѓански суд утврди сегрегација на децата Роми во образовниот процес. Следи интегрален текст на соопштението на Хелсишнкиот комитет.

Основниот граѓански суд во Скопје утврди дека Владата на Република Северна Македонија, Министерство за образование и наука (МОН), Министерството за труд и социјална политика (МТСП), Министерството за здравство (МЗ), Државниот просветен инспекторат (ДПИ), Општина Битола и Општина Штип сториле дискриминација – сегрегација на децата Роми во образовниот процес.

Судот утврди дека дискриминацијата – сегрегацијата на децата Роми, ја сториле:

–    Владата, МОН, Општина Битола и Општина Штип со непреземање, односно, пропуштање да преземат активности за уредување на начинот на реонизација со цел избегнување на можна сегрегација.

–  Владата, МОН и ДПИ со непреземање, односно, пропуштање да преземат дејствија за контрола на одлуките за реонизација донесени од Општина Битола и Општина Штип; за начинот на спроведување на одлуките за реонизација во пракса; за начинот на запишување на деца Роми во училиштата.

–   Владата, МОН, ДПИ, Општина Битола и Општина Штип со непреземање, односно, пропуштање да преземат активности за рамномерно и соодветно распоредување на учениците Роми со другите етнички заедници во паралелките; не презеле односно пропуштиле да преземат активности за процес на десегрегација во училиштата каде постојат сегрегирани паралелки со деца Роми; не презеле односно пропуштиле да преземат активности за санкционирање на актите на дискриминација сторени од основните училишта.

–  Владата, МОН, МТСП и МЗ со непреземање, односно, пропуштање да преземат дејствија за носење законски и подзаконски акти за детално уредување на начинот на категоризација на децата со посебни потреби, посебно децата Роми; не презеле, односно, пропуштиле да преземат дејствија за носење законски и подзаконски акти за детално уредување на составот на Комисиите и процедурата за ревидирање на нивните одлуки; не презеле, односно, пропуштиле да преземат дејствија за рекатегоризација на несоодветно категоризираните деца Роми кои учат во специјалните училишта.

–     Владата, МОН, МТСП, МЗ, ДПИ, Општина Битола и Општина Штип со непреземање, односно, пропуштање да преземат дејствија за едукација на сите чинители во образовниот систем и родителите на децата со цел полесно препознавање и борба против актите на дискриминација.

Судот ги задолжи сите тужени органи да ги преземат сите потребни дејствија за десегрегација на децата Роми во образовниот систем и да ги преземат сите дејствија за рекатегоризација на децата Роми кои учат во специјалните училишта. Дополнително, Судот ги задолжи тужените да ја објават во медиумите изреката на оваа пресуда, во пристапен формат, во рок од 15 дена по приемот на пресудата.

Основниот граѓански суд ја донесе оваа пресуда откако Хелсиншкиот комитет за човекови права, преку адвокат Павлина Зефиќ, на 1 февруари 2021 година поднесе тужба за заштита од дискриминација од јавен интерес (actio popularis). Постапката беше водена во рамки на проектот „Поддршка на Северна Македонија во унапредување на владеењето на правото и човековите права”, кој Хелсиншкиот комитет за човекови права во 2020 година го спроведуваше со Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Link: https://trn.mk/segregaczi%D1%98a-na-deczata-romi-vo-makedoni%D1%98a/

„Самударипен„ 2-ри Август – Ромскиот Холокауст

Геноцидот на Ромите бил период на нацистичка Германија и нејзините сојузници во Втората светска војна да се изврши етничко чистење и евентуално геноцид насочен кон Ромите во Европа.

Под власта на Адолф Хитлер, на 26 ноември 1935 година е донесен дополнителен указ во Нирнбершките закони со кој Ромите се класифицирани како „непријатели на расната држава“, со што биле ставени во истата категорија со Евреите и Полјаците. На одреден начин судбината на Ромите во Европа постигнала паралела со онаа на Евреите во Холокаустот.

Историчарите проценуваат дека меѓу 220.000 и 500.000 Роми биле убиени од нацистите и нивните соработници — процентуално бројките варираат од 25% до повеќе од 50% од Ромите во Европа во тоа време, кои според некои проценки биле околу 1 милион. Подоцнежните истражувања, цитирани од Јан Хенкок, го процениле бројот на жртвите на околу 1,5 милион од околу 2 милиони Роми.

Во 1982 година, Западна Германија официјално признала дека Германија извршила геноцид против Ромите. Во 2011 година, Полска официјално го усвоила 2 август како ден на сеќавање на геноцидот на Ромите.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 159 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата