Социјала

Вртете слободно, роамингот кон земјите од Западен Балкан поевтини за 99 отсто

Граѓаните од денеска при секое патување во земјите од регионот (Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово и Албанија) ќе можат да користат интернет, да праќаат СМС, да повикуваат и да примаат повици по цени пониски и до 99 отсто,

– Тоа конкретно ќе значи дека граѓаните ќе можат да вршат повици кон земјите од Западен Балкан, Србија, Црна Гора, Албанија и Косово по цена од 5,4 денари по минута со вклучен ДДВ. Досегашната цена во просек изнесуваше 75, 4 денари. Ќе можат да примаат повици по цена од 2,9 денари за минута.

Досегашната цена беше 30,2 денари. Ќе можат да праќаат СМС по цена од 2,6 денари.Досегашната цена во просек беше 16,1 денар. Ќе можат да користат интернет по цена од 1,9 денари по мегабајт. Досегашната цена бепе 257,4 денари Цените се линеарни и важат за сите земји и оператори со вклучен ДДВ.

Намалувањето на цените за Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина за појдовни повици е за 68,58 отсто, за дојдовни повици 31,67 отсто и за СМС 71,40 отсто и за интернет 89,40 отсто, додека за Албанија и Косово намалувањето на цената во сите сегменти е околу 93 отсто.

Истовремено информираат дека на 1 јули 2021 година во целост ќе стапи на сила роаминг како од дома.

Разговорите се веќе почнати за ова, но во истовремеод 2021 година ќе почнат и преговорите со Европската унија, оти прво треба да се реши проблемот во Западен Балкан.
Моментално со различни земји од Европската унија цените се различни.

Бугарија: Ромите доброволно ја обновиа детската болница

Во градот Сердетс во Бугарија со години е активна протестанската црква која на малцинствата им помага во полесна интеграција во општеството. Црквата е мошне активна , каде и самиот град многу ретко вложува средства за да биде употребен за слични проекти, а исто така и активностите на НВО секторот се мошне ограничени.

Всушност во Сердетс на југоисток од Бугарија околу 20 Роми со денови работеше на обновување на одделениата во Детската болница, со тоа што купуваа материјал и од сопствени средства. Сите се тие дел од протестанската заедница од овој град . Јордан Атанасов, пастор рече како е изродена оваа идеа.

– Кон крајот на мај , моја познаничка , медицинска сестра ме повика и ми рече дека главниот доктор би сакал да разговара со мене. Ме замоли да пронајдам млади , припадници на нашата црква да помогнат околу лепење на плочки во една од собите во детскиот одел.

Меѓутоа болницата беше во многу лоша состојба па одлучив самиот да повикам уште неколку мажи и жени од нашата црква кој ја прифатија работата и донесоа самите одлука дека сакаат да помогнат во нејзината обнова - ситакна пасторот Атанасов.

Професорот од Универзитетот во Њу Јорк, Алон Бен Меир: Дискриминацијата врз Ромите е срам за Европа!

– Генерално омразата и презирот кон Ромите на Балканот и Европа за жал се вградени во психата и културната ориентација. На овој начин може да се објасни како е можно кога една Ромка е нападната на улица, група на млади луѓе да стојат од страна и да селдат без да пријдат за да помогнат - вели професорот од Њу Јоркшкиот универзитет Алон Бен Меир објаснувајќи го недоамнешниот напад на една Ромка во Косово на сред улица.
Повеќето се прашуваат зошто европските валди не превземаат неопходни мерки за да се запре оваа форма на дејствување, нарочито во оние држави кои имаат аспирации за влез во ЕУ.
– Иако европските држави забранија дискриминација против ромската заедница , оваа популација сеуште се соочува со големи препреки во образованието, здравството и невозможноста во вработувањето- стои во текстот на Бен Меир објавен на порталот Value Walk.


Link: http://www.portal-udar.net/ben-meir-profesor-na-nyu-univerzitetu-diskriminacija-roma-je-sramota-za-evropu/

Во рамките на ИРУ Парламентот Трет Научен симпозиум за Холокаустот - Тема: „Ромскиот Холокауст -Ужасот и вистината за Ромските гета „

За време на Втората светска војна во Ромскиот Холокауст беа ликвидирани околу 1, 2 милиони Роми .

Германија дури во 1982 година го призна Холокаустот врз Ромите и всушност сеуште ги чувствуваат тие последици.

Страдањето и болката сеуште се свежи рани на телото на светот и покрај преживувањето на холокасутот Ромите сеуште го чувствуваат тој прогон.

Токму на Третиот Научен симпозиум „Ромскиот Холокауст -Ужасот и вистината за Ромските гета „, во рамките на активностите на ИРУ Парламентарната сесија на оваа тема ќе зборуваат признати стручњаци и познавачи од оваа област.

Преку свои излагања своите искуства ќе ги споделат: Др Рајко Ѓуриќ - Р.Србија,
Рутко Кавчински - Р.Германија, Надежда Деметер - Руска Федерација, Игор Цветковски - ИОМ - Швајцарија, Бари Фишер - САД, Др Франк Репенхаген -Р.Германија и други.

Најповеќе акцентот ќе биде задржан врз база на тоа дека исто така имаше и гета каде живееа Роми, кои беа принудени да работат за да се прехрануваат. Акцентот ќе биде ставен на гетата на некогашна територија на Југославија, и со тоа аналогно да се признае и страдањето на овие Роми од таа територија, кој во последно време германскиот суд ги негираше овие информации и докази

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 119 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот