Во градот Сердетс во Бугарија со години е активна протестанската црква која на малцинствата им помага во полесна интеграција во општеството. Црквата е мошне активна , каде и самиот град многу ретко вложува средства за да биде употребен за слични проекти, а исто така и активностите на НВО секторот се мошне ограничени.
Всушност во Сердетс на југоисток од Бугарија околу 20 Роми со денови работеше на обновување на одделениата во Детската болница, со тоа што купуваа материјал и од сопствени средства. Сите се тие дел од протестанската заедница од овој град . Јордан Атанасов, пастор рече како е изродена оваа идеа.
– Кон крајот на мај , моја познаничка , медицинска сестра ме повика и ми рече дека главниот доктор би сакал да разговара со мене. Ме замоли да пронајдам млади , припадници на нашата црква да помогнат околу лепење на плочки во една од собите во детскиот одел.
Меѓутоа болницата беше во многу лоша состојба па одлучив самиот да повикам уште неколку мажи и жени од нашата црква кој ја прифатија работата и донесоа самите одлука дека сакаат да помогнат во нејзината обнова - ситакна пасторот Атанасов.