Граѓаните од денеска при секое патување во земјите од регионот (Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово и Албанија) ќе можат да користат интернет, да праќаат СМС, да повикуваат и да примаат повици по цени пониски и до 99 отсто,
– Тоа конкретно ќе значи дека граѓаните ќе можат да вршат повици кон земјите од Западен Балкан, Србија, Црна Гора, Албанија и Косово по цена од 5,4 денари по минута со вклучен ДДВ. Досегашната цена во просек изнесуваше 75, 4 денари. Ќе можат да примаат повици по цена од 2,9 денари за минута.
Досегашната цена беше 30,2 денари. Ќе можат да праќаат СМС по цена од 2,6 денари.Досегашната цена во просек беше 16,1 денар. Ќе можат да користат интернет по цена од 1,9 денари по мегабајт. Досегашната цена бепе 257,4 денари Цените се линеарни и важат за сите земји и оператори со вклучен ДДВ.
Намалувањето на цените за Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина за појдовни повици е за 68,58 отсто, за дојдовни повици 31,67 отсто и за СМС 71,40 отсто и за интернет 89,40 отсто, додека за Албанија и Косово намалувањето на цената во сите сегменти е околу 93 отсто.
Истовремено информираат дека на 1 јули 2021 година во целост ќе стапи на сила роаминг како од дома.
Разговорите се веќе почнати за ова, но во истовремеод 2021 година ќе почнат и преговорите со Европската унија, оти прво треба да се реши проблемот во Западен Балкан.
Моментално со различни земји од Европската унија цените се различни.