– Генерално омразата и презирот кон Ромите на Балканот и Европа за жал се вградени во психата и културната ориентација. На овој начин може да се објасни како е можно кога една Ромка е нападната на улица, група на млади луѓе да стојат од страна и да селдат без да пријдат за да помогнат - вели професорот од Њу Јоркшкиот универзитет Алон Бен Меир објаснувајќи го недоамнешниот напад на една Ромка во Косово на сред улица.
Повеќето се прашуваат зошто европските валди не превземаат неопходни мерки за да се запре оваа форма на дејствување, нарочито во оние држави кои имаат аспирации за влез во ЕУ.
– Иако европските држави забранија дискриминација против ромската заедница , оваа популација сеуште се соочува со големи препреки во образованието, здравството и невозможноста во вработувањето- стои во текстот на Бен Меир објавен на порталот Value Walk.