Социјала

Градскиот советник од Тузла Јусиќ обвинува : Парите за Ромите се проневерени, да се преиспита квалитетот на изградените објекти наменети за Ромите

Советник во општината Тузла, БиХ на неодамнешниот прес обвини дека се злоупотребени средства кои се наменети за изградба на објекти за Ромите на територија на БиХ.

Тој ја навел за пример организацијата HILSWERK од Австрија кој го реализирала проектот за стамбен блок од шест единици низ проектот „ROMA ACTION“ Тузла и оштетен е буџетот на градот Тузла и Европската Комисија.

 „Средства во износ од 40.000 евра, Hilswerk International Austria, добил од градот Тузла 20.000 евра во 2013 и 20.000 евра во 2014 година. Покрај тие 40 илјади евра истата организација и од Европската комисија добија уште околу 120.000 евра„ рече Јусиќ.

Според него дали некој направил контрола на изградба на тие 6 стамбени единици во Кисељак.

Според наодите тие шест објекти не се изградени според проектните нацрти.
Исто има отстапки од употребениот квалитет на материјалот и не се изградени додатни елементи во склоп на тие објекти кои стојат во самиот план.

„Како пример е наведен дека во собите требаше да се намести паркет од прва класа, но ставен е ламинат кој ниту од далеку не одговара на квалитет од прва класа, и низа други пропусти.

Сите наоди од судскиот вештак ќе бидат препратени до ЕК и до други меѓународни институции, рече Јусиќ.

Link: http://www.portal-udar.net/jusic-porucio-zatrazicemo-da-se-ispita-kvalitet-svih-izgradjenih-objekata-za-rome-u-bih/

Ромите од населбата „Прцорек„ Велес живеат на маргините од општеството

Во рамки на проектот „Мапирање на разликите во домувањето за Роми”, кој е финансиран од средства од Европската Унија, претставници на Здружението „Ромски Деловен Информативен Центар - ЗРДИЦМ”, од Скопје, тимот беше во посета на местото наречено „Прцорек„

Тамошните жители -Роми се соочуваат со огромни потешкотии како што се патната инфраструктура, и електричната енергија поточно напојувањето со струја.
Истовремено пристапот до нивните домови е отежнат поради местотот на живеење и непристапен терен.
Тие се жалат затоа што пристапот до таму до толку е оневозможен што нема ниту простап на возила за брза помош или пак противпожарна служба.

Од општината велат дека се работи на тој план за да може на овие Роми да им се помогне со инвестици токму на тоа поле.

Состојбата за сега е непроменета и се надеваат дека тој проблем во скоро време ќе се надмине и ќе се најдат соодветни алтернативни решенија.

Смедерево: Мрежа за подобар живот

Ромската населба Мали кривак во Смедерево после неколку години доби канализација. Вакуумската постројка е наменета за 329 семејства и е една од најсовремените во Србија.

Таа е реализирана во рамките на проектот „Унапредување на инфраструктурата „ како дел од ИПА проектот 2013 - ЕУ која обелбеди еден милион евра , а локалната самоуправа 282.000 евра.

- Тука од 329 семејства живеат и околу 2.500 Роми. Капацитетот на оваа инсталација е двојно поголеми така се решава проблемот во оваа зона. - напомена градоначалникот Јасна Аврамовиќ и прецизира дека покрај 3 киломтери мрежа, а изведувач на изградбата беше „Телекомуникација„ од Блаце , која изгради 1.500 метри атмосферска канализација.

Папата им се извини на Ромите поради дискриминацијата

Папата Франциск  им се извини на Ромите поради дискриминациите во историјата на кои била подложена оваа заедница во Европа, и им оддаде почит на католиците во Романија, кои биле прогонети за време на владеењето на комунистите.

– Историјата не учи дека на христијаните, вклучувајќи ги и католиците, не им е непознато правење такво зло. Би сакал да побарам прошка од вас поради тоа, рече папата на последниот ден од тридневната посета на Романија.

Папата им се извини на Ромите поради „многубројните искуства“ што ги имале кога станува збор за дискриминација, сегрегација и малтретирање. На крајот од посетата на папата на Романија, на аеродромот во Сибиу е одржана церемонија по повод неговото заминување, на која присуствуваше и романскиот претседател Клаус Јоханис.

Папата Франциск потоа замина за Ватикан.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 339 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот