Социјала

Се отвори поликлиника „Зегин Медика„ на свеченото отварање и балканската ѕвезда Здравко Чолиќ

Деновиве во Буњаковец во Скопје беше свечено отворена поликлиниката „Зегин Медика„ . По тој повод главниот менаџер на „Зегин„ Благоја Механџиски каде меѓу другите поканети гости со своето присуство ги почести познатата балканска музичка ѕвезда Здравко Чолиќ кои заедно на свечен начин ја пуштија во употреба и започна со својата работа оваа современа и реновирана медицинска установа.

Инаку ПЗУ „Зегин Медика„ ја основаше Д-р Верица Механџиска во април 1998 година.
Главна цел на оваа поликлиника е да се обезбедат целосни здравствени прегледи и специјалистички здравствени услуги на пациентите и да им се овозможи стручна помош за нивните здравствени проблеми. Во рамките на поликлиниката има 4 служби, кои по принципот на матичен доктор, опслужуваат 5000 пациенти.

ПЗУ „Зегин Медика “ е единствена поликлиника која нуди биорезонантна метода. Биорезонантната терапија е корекција на функциите на телото под влијание на електромагнетни осцилации на строго одредени параметри одговарајќи на одреден фреквентен спектар на акустични бранови.

Освен тоа, ПЗУ „ЗЕГИН МЕДИКА“ ви нуди дијагностицирање на слип апнеа со најсовремени методи и домашна полиграфија. Ова сериозно нарушување се манифестира со престанок на дишењето за време на сонот, а со примена на соодветна терапија на пациентот му се овозможува поквалитетен живот.

Покрај овие нови најсовремени технологии, поликлиниката ги нуди и следниве услуги: општи прегледи со био-хемиска лабораторија наменета за општи био-хемиски анализи, комплетна крвна слика, интернистички прегледи, алерголошки прегледи, ЕКГ, ехо на абдомен, тироидна жлезда и дојки, дензинтометрија (прегледи за остеопороза) и уште многу други услуги.

Исто така нуди совети и консултации од страна на специјалисти за различни области од медицината, како и систематски и периодични здравствени прегледи за вработени лица.

Во интензивирани активности на мобилните тимови, идентификувани 167 деца на улица

Ова се дел од податоците коишто зајакнатите мобилни тимови за постапување со деца на улица на ЦСР Скопје беа презентирани на работен состанок во Министерството за труд и социјална политика каде присутен беше и претставникот на УНИЦЕФ Бенџамин Перкс и претставници од Црвен Крст на град Скопје.

“Првичните наоди од теренските истражувања потврдуваат дека децата на улица често се жртви на повеќе негативни искуства, вклучувајќи физичко и психичко малтретирање и занемарување. Тие ја зајакнуваат потребата од системски решенија, бидејќи многу од овие деца го пропуштаат правото на образование, здравје и заштита," рече
Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ.

"Како луѓе, тешко е да се воздржиме од тоа да даваме пари или да купуваме производи од децата на улица. Но, треба да бидеме свесни дека ако го сториме тоа, овозможуваме средина што им штети на децата. На децата на улица им е потребна системска поддршка, прво и основно за да се спречи тие воопшто да завршат на улица".

Почнувајќи од следната недела, теренските работници ќе ги посетат домовите на децата што ги идентификувале на улиците и ќе почнат да работат со семејствата.
Проширувањето и зајакнувањето на мобилните тимови со стручен кадар е поддржано од УНИЦЕФ, а се спроведува преку ЦСР Скопје во соработка со Црвен Крст на град Скопје.

Да се застане против протестниот марш на десничарите од Унгарија планиран за 21 мај годинава

Во Унгарија на 21 мај е најавен протестен марш на екстремните десничари од Унгарија организиран од десничарската организација на Бетјар Серег.

Тие се познати по својата Анти Ромска реторика и омраза кон Ромското малцинство кои живеат во Унгарија .

Инаку тие се познати по своите застрашувачки маршеви загрозувајќи невина популација вклучувајќи ги цели семесјтва па и деца. Инаку ова движење претходно беше позната како „Унгарска гарда„ паравоена организација која е веќе и со закон забранета.
Инаку тие тој марш ќе го искористат за да је пласираат нивната теорија против т.н. „Ромски Криминал„, „Ромски Терор„ и слично.

Такво нешто во Унгарија не постои туку се работи за „индивидуални криминални дејствија кои немаат никаква блискост со генерализирање на едно цело малцинство .
Инаку исто така да потсетиме дека во Унгарија има закон, правен систем и надлежни институции кои треба да ги решаваат тие задачи, а тоа е полицијата, а не преку некои паравоени и нелегални партиски полиции и групи.

Затоа и се бара од Унгарската влада да ги заштити своите граѓани од екстремно десничарските паравоени гарди кои го загрозуваат унгарското општество вклучувајќи ги и сите граѓани во рамките на тие граници.

Воедно и Интернационалната Ромска Унија - ИРУ на чело со нејзиниот претседател Зоран Димов испраќа апел до Унгарската Влада да се придржува кон своите законски обврски за заштита на граѓаните вклучувајќи ја тука и Ромската заедница во Унгарија.

Истражување: Да се остане или да се замине надвор од државата ? Од Македонија желба за иселување има кај 73% од граѓаните

Во една направена анализа насловена како „Студија за младите од ЈИЕ„ направена од ФЕС и ЦеСИД во една од земјите од нашето соседство, според економскиот и општествениот статус колку граѓани од матичните држави би останле да живеат во државата каде се во моментото или да заминат некаде во странство од економски или други причини. резултатите се повеќето за заминување отколку за останување.

Анализата покажува дека меѓу анализираните 10 држави од Југоисточна Европа, на врвот е Србија каде 75% од граѓаните би заминале, додека само 25% би остнале да живеат во неа.

Веднаш на второ место се од Македонија каде 73% би заминале додека 27% би останале.

И останатите држави како што се Албанија, Словенија, Црна Гора и Босна процентот е од 66 до 62% кои сакаат да си заминат, на Косово 58% , додека Бугарија , Хрватска и Романија тој процент е од 30 до 34%.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 107 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот