Во Унгарија на 21 мај е најавен протестен марш на екстремните десничари од Унгарија организиран од десничарската организација на Бетјар Серег.
Тие се познати по својата Анти Ромска реторика и омраза кон Ромското малцинство кои живеат во Унгарија .
Инаку тие се познати по своите застрашувачки маршеви загрозувајќи невина популација вклучувајќи ги цели семесјтва па и деца. Инаку ова движење претходно беше позната како „Унгарска гарда„ паравоена организација која е веќе и со закон забранета.
Инаку тие тој марш ќе го искористат за да је пласираат нивната теорија против т.н. „Ромски Криминал„, „Ромски Терор„ и слично.
Такво нешто во Унгарија не постои туку се работи за „индивидуални криминални дејствија кои немаат никаква блискост со генерализирање на едно цело малцинство .
Инаку исто така да потсетиме дека во Унгарија има закон, правен систем и надлежни институции кои треба да ги решаваат тие задачи, а тоа е полицијата, а не преку некои паравоени и нелегални партиски полиции и групи.
Затоа и се бара од Унгарската влада да ги заштити своите граѓани од екстремно десничарските паравоени гарди кои го загрозуваат унгарското општество вклучувајќи ги и сите граѓани во рамките на тие граници.
Воедно и Интернационалната Ромска Унија - ИРУ на чело со нејзиниот претседател Зоран Димов испраќа апел до Унгарската Влада да се придржува кон своите законски обврски за заштита на граѓаните вклучувајќи ја тука и Ромската заедница во Унгарија.