Советник во општината Тузла, БиХ на неодамнешниот прес обвини дека се злоупотребени средства кои се наменети за изградба на објекти за Ромите на територија на БиХ.
Тој ја навел за пример организацијата HILSWERK од Австрија кој го реализирала проектот за стамбен блок од шест единици низ проектот „ROMA ACTION“ Тузла и оштетен е буџетот на градот Тузла и Европската Комисија.
„Средства во износ од 40.000 евра, Hilswerk International Austria, добил од градот Тузла 20.000 евра во 2013 и 20.000 евра во 2014 година. Покрај тие 40 илјади евра истата организација и од Европската комисија добија уште околу 120.000 евра„ рече Јусиќ.
Според него дали некој направил контрола на изградба на тие 6 стамбени единици во Кисељак.
Според наодите тие шест објекти не се изградени според проектните нацрти.
Исто има отстапки од употребениот квалитет на материјалот и не се изградени додатни елементи во склоп на тие објекти кои стојат во самиот план.
„Како пример е наведен дека во собите требаше да се намести паркет од прва класа, но ставен е ламинат кој ниту од далеку не одговара на квалитет од прва класа, и низа други пропусти.
Сите наоди од судскиот вештак ќе бидат препратени до ЕК и до други меѓународни институции, рече Јусиќ.