Социјала

Стари ромски сказни : Солзите на една мајка

Пред многу години една грофица се вљубила во еден Ром. Многу се сакаа и беа среќни. Како времето одминуваше, грофицата забремени, но пред да се роди детето, започнала голема војна и Ромот мораше да се врати во својата држава за да ја одбрани.
Грофицата везден плачеше , и сеуште детето не се родило, таа добила информација дека нејзиниот сопруг загинал во војната.
Остана сама во огромната куќа заедно со нејзиниот слуга.
Не долг период по смртта на сопругот, грофицата се породила и добила син. Синот како растеше се повеќе потсетуваше на неговиот татко. Покрај детето грофицата заборави и на тагата и болката која ја имаше по мажот.
Но за несреќа во тој период се појави некоја страшна болест, од која се раболел и нејзиниот син и по само три дена и тој умрел. Грифицата скршена од болка, плачеше и не можеше да се отргне од гробот на синот.
Едене ден ја забележал еден свештеник како плаче над гробот на синот и и рече: „ Ќерко дојди во катедралата и помоли се таму, можеби некако ќе стивне твојата болка„
Таа се согласи и во катедралата се молеше и дење и ноќе. Одеднаш се појавил ангелот и прашал: „ Зошто толку плачеш и тагуваш по твојот син?
Таа му одговорила: „ Како да не плачам од толку голема болка. Господ ме казни . Ми умреа и сорпугот и синот. Сега немам никого на овој свет и не сакам да живеам„
Ангелот ја погледнал и и се сожалил и и рекол: „Не зборувај така. Господ ќе ти помогне да ја ублажиш болката и тагата. Сега ќе ти кажам што да направиш за да можеш уште еднаш да си го видиш синот.
На денот на светците дојди во катедралата но незабележително никој да не те види. Ако некој те забележи не ќе можеш да го видиш син ти.
Горфицата направи како што и беше кажано. Дошла во катедралата и застана на еден крај и чекаше да се појави синот. Кога часовникот покажал полноќ , зазвониа звоната. Одеднаш се товрои капијата накатедралата и душите влегуваа внатре. Прв влезе тој ангелот на смртта со српот а по него другите кои носеа крстови и чаши. Како последен влезе и нејзиниот мал син, во раце држеше голема чаша која едвај ја носеше, Кога тоа го видела грофицата не можеше да се воздржи и заплака. . Малиот веднаш ја препознал мајка си , и пришол и и кажал: „ Мајко немој да плачеш толку по мене! Морам да ги носам секогаш твоите солзи со мене во оваа кчаша и таа веднаш е полна и не можам поради нејзината тежина како и другите англеи да заминам во рајот!
Мојот татко е веќе ангел , и сакам да бидам со него и да го пронајдам својот мир. Еве уште еднаш ќе те бакнам , и немој повеќе да плачеш , за да можам да заминам кај татко ми.
Одеднаш засвири силен ветер во катедралата и сите мртви души се вратија во гробовите. Грофицата повеќе не тагуваше по синот. Од тој ден таа ги собра сите деца кои се без мајка и татко и се грижеше за нив се додека не пораснат. Живееше за нив и им се посветуваше , и ги сакаше како свои родени деца и им беше како вистинска мајка.

Проф.Д-р Марсел Куријаде – Професор Ром во парискиот Универзитет во Сорбона

Марсел Куртијаде е Ром доктор по лингвистички науки во еден од најстарите и најугледни Универзитети во светот – Сорбона.

Марсел е единствениот Ром кој докторирал на фонотека и правопис на росмкиот јазик и еден од најголемите стручњаци за росмки јазик, литература, култура и цивилизација.

Марсел како најстар син во семејството се истакнувал со интелегенцијата и вербалните карактеристики. За време на родителските состаноци на училиште , мајка му беше горда на својот син. Но неговиот бунтовен стил на живот, наместо да запише медицина, тој заминал за Југославија и живеел во Борча покрај Белград.

Но истовремено пропатувал низ сите краеви на Балканот и научил и српски, македонски, албански, грчки, романски ..
Го забележале неговиот талент за јазици и беше замолен од колеги Роми да ја создаде базата за ромскиот јазик.

Тој во осумдесетите години за време на студирањето на литература ја одбрани докторската теза во Париз, и се придружи на плејадата ученици од тој универзитет меѓу кои и нобеловците Пјер и Марија Кири, писателката Симов де Бовоар, и други.

Пред две децении Др Марсел Куртијаде ја формираше и катедрата по ромски јазик во парискиот Национален институт за оријентални јазици и цивилизација и во меѓувреме од таа катедра произлегоа голем број на стручњаци за ромскиот јазик.

"Најголемата радост е да учиш и постепено да ја откриеш душата на јазикот. Тоа е што е убавината на работата„ вели Др Куртијаде со потенцирање дека „Ромскиот јазик , фала богу, го изразува богатиот свет на кому му нема крај„

Дали во Тузла има злоупотреба на средствата наменети за Ромите

За потсетување е дека уште летото Неџат Јусиќ како одборник во Градското собрание на Тузла говореше за злоупотрба на средствата наменети за Ромите и таа документација ја предаде до Обвинителството на градот Тузла.

Тој вели дека досега нема никаква повратна информација. Од обвинителството напоменаа дека обработка на информацијата е при крај.

„Потребни се уште десетина дена да се подготви информацијата. Штом ги имаме сите информации ќе се проследи повратна информација до г-динот Јусиќ„ велат од Обвинителството.

Инаку Јусиќ уште во јуни годинава дека им,а материјални докази за злоупотреба на средства и коруптивни дејствија за време на реализација на проекти за домување на Ромите.

 

ZDF емитуваше документарен филм за историјата на Синти и Ромите во Германија

Документарецот меѓу другото зборува за тоа како Ромите и Синтите пред 75 години и отпорот кон заканите за истребување во т.н. „Ромскиот логор во Аушвиц„ , и во ноќта на 2 август 1944 кога беа убиени во гасните комори.

Германската телевизија ZDF History, емитуваше кон крајот на октомври документарецот за животот на Ромите и Синтите во оваа земја каде беа интервјуирани личности од јазниот живот , ромски активисти и други преставници од ромската заедница кои на интересен начин ги прикажаа своите лични искуства во борбата против предрасудите.

Во еден дел има и каде како млада преставничка од музичката династија Рајнхард , Дочи Рајнхард (Dotschy Reinhardt) зборува за судбината на своето семејство. Исто така Рита Вове - Тролман  ( Rita Vowe-Trollmann)  се потсетува на својот татко боксерот “Rukeli”, кого нацистите едноставно му ја одземаа титулата - државен првак поради „не германскиот„ бокс.

Link: https://www.zdf.de/dokumentation/zdf-history/sinti-und-roma-eine-deutsche-geschichte-100.html?fbclid=IwAR1Ng_eEiDDTIsZ3o9FLIvXpuxbs4SSSyY6AlDijYnVEJJTAt2tGFAEY2sM#xtor=CS5-84

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 396 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот